2win800x200

По 250 дo 300 заразени дневно во Битола предвидува професорот Трајковски, но без голем број хоспитализации

Јануари 06, 2022

По вчерашните 135 позитивни случаи на коронавирусот, најголема дневна бројка на заразени од почетокот на пандемијата, денес Битола го собори и овој сопствен рекорд со 148 нови дијагностицирани лица. Но, ова не е максимумот што ќе го достигнеме во овој бран на омикрон варијантата, предвидува професорот од Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски. Тој во своите математичко статистички анализи пресмета  двојно поголеми бројки во Битола, доколку се држи чекор со тестирањата.

1

 

-При ефективен репродукциски број Rt = 1,94 ± 0,95 којшто сé уште се зголемува, следен таргет за наредните денови и недели е 250-300 случаи на ден, доколку се држи чекор со бројот на тестирањата. Нема да биде лесно да се издржи такво темпо на тестирање, но бројките се сосема реални. За споредба, во САД веќе имаат дневна инциденца од 350 нови случаи на 100.000 жители, колку што приближно изнесува населението на подрачјето на ЦЈЗ Битола.14-дневната инциденца (зелената линија на вториот дијаграм) со 516 случаи на 100.000 жители за 4 дена веќе е на половина пат до рекордната инциденца (1.069) од април 2021 година. Со ова темпо на раст, тој рекорд ќе биде исто така соборен во следните десетина дена.

2

Бројот на активни случаи започна многу бргу да расте и многу веројатно е дека досегашниот рекорд од 16.04.2021 година (1.333 активни случаи) ќе биде исто така соборен во следните две недели.

3

Сепак, на државно ниво веќе забележуваме пад на стапката на хоспитализираност и стапката на леталитет. Како што застапеноста на омикрон сојот ќе се приближува кон 100%, така стапката на хоспитализираност би требало да се намалува до 2%, така што дури и при 1.300 активни случаи (што нема да биде врвот!) бројот на хоспитализирани од Битола и битолско не би требало да надмине 25-30. Со оглед на пократкото време на хоспитализација и побрзото испишување од болница, овој број би можел да биде дури и помал. Но, овие проекции се засновани врз стапките од други земји, а кај нас можат да бидат полоши. Дури да биде и малку полошо отколку во странство, во секој случај ќе бидеме далеку од рекордните 170 хоспитализирани за време на априлскиот врв на бранот на британскиот (алфа) сој.

4

Иако 97%-98% од инфицираните веројатно нема да завршат на болница, сепак дали вредеше заради оние бесмислени предновогодишни и новогодишни пијанки да се разболат толку многу луѓе, да трпат болки во целото тело и да губат толку многу работни денови? Освен кафанџиите, никој друг од тоа не извлече никаква корист, вели професорот Трајковски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани