АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Објавен е тендерот за поставување на настрешници во Градскиот пазар во Битола. Ќе биде покриен делот каде се продава бижутерија, ќе бидат поставени нови тезги, нова канализација и водовод, ново партерно уредување, вели директорот на ЈП Пазари-Битола Владе Атанасовски.
Според Атанасовски вкупна инвестиција е 250.000 евра, средства добиени од Општина Битола и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието.
Започна поставувањето на лед светилките во Градскиот зелен пазар во Битола, и веќе неколку денови пазарот е осветлен навечер каде рабоите се веќе завршени. Шест тимови на фирмата изведувач работата на поставување на светилките за што меѓу тезгите се поставени и монтажни скелиња. Пазарџиите велат дека се задоволни бидејќи лед светилките ќе се палат и дење кога времето ќе биде облачно.
-Градскиот пазар во Битола ќе светне и во ноќните часови.
ЈП Пазари го заврши тендерот за поставување на нови ЛЕД светилки во градскиот пазар. Промената на старите светилки ќе заврши за десетина дена.
Вкупна инвестиција 200.000 денари се обезбедени од сопствени извори.
Темницата ќе стане минато, најави неодамна директорот на ЈП Пазари- Битола Владе Атанасовски.
Скалите во Новиот реонски пазар во Битола ќе се обноват со нови плочки штом дозволат временските услови. Изминатиот период поради екстремно ниските температури и солта која беше посипувана за да не се лизгаат минувачите плочките поставени на скалите значително се оштетија, па од ЈП „Пазари“ –Битола велат дека тие се исчистени од искршените делови и наскоро штом се покачат температурите ќе бидат поставени нови плочки.
Граѓани на социјалните мрежи деновиве реагираа дека скалите во Реонскиот пазар се во незавидна состојба и претставуваат ризик за минувачите.
Лани во април ЈП „Пазари“-Битола, ги реконструираше скалите на надворешните пристапи во Новиот реонски пазар во Битола. Старите, искршени или оштетени плочки на скалите се замануваа со нови и со тоа се реконстуираа сите пристапи со цел да се заштити и обнови комплексот, но поларните температури оваа зима повторно направија проблеми.
Како ретко кога досега, ова лето ги нема дивите продавачи на земјоделски производи со бостан или зеленчук, најчесто лоцирани на тротоарите и раскрсниците низ градот. Комуналната инспекција при Општина Битола и сообраќајната полиција во неколку акции ги отстранија дивите пазарџии и будно ги следат состојбите.