Webp.net gifmaker

Учениците и наставниците од гимнзијата „Јоспи Броз Тито“  од Битола, во вонредни услови  го одбележаа својот патрон празник 25 Мај-Дено  на младоста. Погледнете го видеото кое го изработија во согласност со наметната  сосотојба и честитиката што меѓусебно си ја упатија

Во време кога сите матурски прослави се откажани заради пандемијата предизвикана од коронавирусот, Матурантите од СОУ „Јосип Броз - Тито“ од Битола, ја покажаа својата креативност преку едно интересно видео, кое ќе ја одбележи нивната матура.

Во Горната Гимназија го стекнав моето јас, кое до денес не го сменив! Ова е еден од морето позитивни коментари што можат да се прочитаат на социјалните мрежи од страна на некогашните ученици од гимназијата „Јосип Броз Тито“ која денес слави редок јубилеј – 75 години од почетокот на наставата на македонски јазик. Била првото средно училиште во земјава каде се удриле темелите на наставата на македонски јазик на 6 февруари 1945 година. До денес остана бастион на квалитетната наства, но и на неговањето на македонскиот литературен јазик.

Ученици и вработени во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ изработија мозаик од логото на ова престижно битолско средно училиште. Мозаикот беше дел од акцијата за уредување на училишниот двор пред Новогодишните празнаци, а е поставен пред главниот влез на Гимназијата.

„Пред и потоа, со добар тим идеите стануваат реалност за само неколку часа. Ученици и вработени од СОУ Гимназија ‘Јосип Броз-Тито’ Битола во партнерство со Регионалното географско друштво ГЕОСФЕРА од Битола учествуваа во волонтерска акција за уредување на училишниот двор и подигање на еко-свеста. Волонтерската акција финансиски е поддржана од Општина Битола и Локалниот младински совет“, велат од Гимназијата.

Ж.З.

gim 2

gim 5

gim

gimn 6

Холот на Гимназијата „Јосип Броз Тито“ денес беше полн со штандови здрава храна. Таму за првпат се одржа македонско-словенечки доручек со цел да се влијае кај учениците да се хртанат здраво, но да се поттикнат и школите за воведување здрав оброк за учениците. Настанот беше организиран под покровителство на Амбасадата на Република Словенија и „Бага фуд“ од Битола, а во соработка со Гимназијата и Словенечкото здружение „Триглав“ од Битола.

Страница 1 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани