
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По натегањата, препукувањата и дискусиите на седницата, баклавата на крај ја заблажи атмосферата во битолскиот Совет. На првата работна средба, своите колеги со баклава по повод неодамнешниот празник Рамазан Бајрам ги почести советникот Бурим Керими од ДУИ. Баклавата беше домашна и вистински деликатес. Советниците се облажија по завршувањето на седницата. Меѓу оние кои седнаа на трпезата не беа советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери зашто тие веќе претходно ја имаа напуштено седницата поради револт од промената на името.
Советниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со коалиционите партнери, ја напуштија денешната седницата на Совет, изразувајќи го револтот од договорот за промена на името.
Ја критикувате градоначалничката Наташа Петровска за наводен игнорантен однос, а вие избегавте од седница, ја искритикува локалната опозиција, претседателот на Советот, Валентин Груевски. На денешната седница на Совет на почетокот присуствуваше и градоначалничката Наташа Петровска која одговараше на советнички прашања. Потоа во интрес на времето и нејзините обврски продолжи да зборува за кварталниот извештај за буџетот за годинава. Тогаш, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери, еден по еден, ја напуштија салата зашто не биле задоволни од одговорите и зашто таа дала експозе за буџетот и заминала.
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ја напуштија седницата на Совет незадоволни што градоначалничката Наташа Птровска не им дала одговор на сите дополнителни советнички прашања.
Опозицијата го поздрави присуството на градоначалничката Наташа Петровска на денешната седница на Совет со зборовите „Нека е за аирлија“ и прашуваше за состојбите во образованието, за непотизмот , за легализацијата на објектите, за обиколницата, за загадениот воздух...Завршните сметки на училиштата и градинките денеска се најдоа пред советниците. Училиштата должат 4, 3 милиони евра, долгови наследени од бившата власт. Петровска ги потсети советниците од опозицијата дека токму заради образованието некои се влечкаат по судови.
