АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со коалиционите партнери, ја напуштија денешната седницата на Совет, изразувајќи го револтот од договорот за промена на името.
-Денес кога сите ние сме во очекување на едно сценарио за рушење на Република Македон ија, кое што ќе се одвива во Собранието, ние советниците на ВМРО ДПМНЕ во знак за ова големо предавство и во знак на поддршка на сите граѓани кои една година наназад почувствуваа што значи живот за сите, ја напуштаме седницата, рече Иванчо Тошевски, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.
Методија Илиевски, координатор на советниците од СДСМ, изјави дека опозицијата ја злоупотребува говорницата на Советот и го крши Статутот и Деловникот за работа, зашто промената на името не е предмет на одлучување на локалната самоуправа.
-ВМРО-ДПМНЕ по не знам кој пат го крши Статутот и Деловникот за работа, очигледно се обидуваат да ја злоупотребата говорницата на Советот. Договорот со Грција не е предмет на работа на локалната самоуправа, туку да ги решава локалните проблеми на граѓаните на Општина Битола. Очигледно опозицијата не е заинтересирана за локалните поблеми , па се занимава со високи теми, рече Илиевски и ја повика опозицијата да се врати во советничките клупи.