2win800x200

 

– Во денешниов свет не е возможно да останете настрана од глобалните процеси каде што нашиот најголем национален и државен интерес е да градиме партнерство со сите оние за кои Европа е домот кој нѐ интегрира и нѐповрзува. Република Северна Македонија е држава која сигурно чекори кон својата иднина при што, убедена сум, нејзини најголеми поддржувачи кон европскиот пат се токму  младите – порача министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска од Валандово.

Таа денеска пред инфо-точката за младинска соработка „Спојувалка“,  се обрати на отворањето на второто издание на Младинскиот фестивал „Доживеј ја соработката“, на кој учествуваат млади луѓе од земјава и од Република Грција.

– Луѓето што ги сретнав денеска во градот и атмосферата што ја создаваат активностите на младите се потврда на мојата идеја дека  соработката на идните носечки умови во Европа со својата нова  автентична колективна енергија уште еднаш потврдува дека пријателството, идеите, креативноста и посветеноста го обликуваат светот во кој живееме – рече министерката за култура.

Според Костадиновска-Стојчевска, фестивалот е одлична можност за поттикнување на потенцијалот на младите генерации, да се дружат, да се забавуваат, да се запознаваат  и  да соработуваат  преку широк спектар  активности, како: интересни спортски игри, квалитетни културни содржини, музика, гастрономија.

– Верувам и знам дека фестивалот и во иднина ќе биде место каде што соработката ќе цвета, каде што идеите ќе се споделуваат, а инспирацијата ќе се множи. Заедно можеме да го изградиме светот што го сонуваме – свет полн со инклузивност, разнообразност и непрекинат стремеж за нови постигнувања – рече Костадиновска-Стојчевска.

Младинскиот фестивал „Доживеј ја соработката“ го организираат Младинскиот сојуз од Крушево и „SEE in Action“ од Република Грција,  кои се и иницијатори за формирање канцеларии за младинска соработка меѓу младите од Северна Македонија и од Грција, „Соработка за заедничка иднина“, поддржани од Амбасадата на САД и од Амбасадата на Германија.

 
 

Според министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска значењето на кодификаторите на македонскиот литературен јазик – Блаже Конески и Крсте Петков Мисирков – за македонскиот јазик е монументално.

-Ги поставија основите на современиот македонски јазичен идентитет. Како граѓанин, како професорка, како министерка, и како социјалдемократка, верувам во важноста на јазичната и културната различност како столб на социјалната правда и вклученост. Македонскиот јазик е жив! Се говорело македонски, се говори на македонски и ќе се говори на македонски без оглед дали тоа некому му одговара или не! Македонскиот јазик е културно одбележје на македонскиот народ. Македонскиот јазик се користи во образованието, во нашите институции и во секојдневниот живот. Неговиот статус не е предмет на дебата. Овозможени се подобри услови за заштита и унапредување на македонскиот јазик во јавната комуникација, вели министерката во интервју за трн.мк.

Комисијата за подигање спомен обележја при Советот на Општина Битола со два гласа „за“ и 2 „воздржани“ не ја прифати иницијативата на Сојузот на борци од Битола за поставување биста за првоборецот Пецо Гуросвки. Тие ги прифатија иницијативите за подигање биста на народниот херој Васко Карангелевски од Сојузот на борци-Битола, спомен обележје за Јонче Мурџевски од истоимената месна заедница и спомен обележје за ликот и делото на пејачот Јонче Христовски поднесена од семејството.

Со тоа овие три иницијативи станаа составен дел од од Програмата за спомен обележја од 2023 до 2028 година кој треба да се изгласа на Советот, но не и онаа за Пецо Гудовски.

Инаку Гудовски (1920-2008) беше припадник на македонското националноослободително и комунистичкото движење и учесник во антифашистичката борба. Тој е дедо на актуелната министерка за култура Бисера Костадиновска –Стојчевска од СДСМ.

Во Комисијата за подигање спомен обележја „за“ гласаа Кети неделковска, советничка од СДСМ и Кире Климевски од ВМРО-Народна, а воздржание беа Сашо Никовски од ВМРО-ДПМНЕ и Марта Ѓоргиевска од СПМ.

Гудовски е родум од Лавци, работел во селското училиште како служител и така започнале неговите први активности и контакти со селскиот учител Тошо Даскалот. Заедно со него имал заслуги за основањето на првиот партизански одред „Пелистер“. Под сомнение дека одржува врски со Тошо Даскалот бил во затвор и измачуван повеќе од 40 дена. Бил челен на одредите „Даме Груев“ и „Гоце Делчев “, баталјонот „Стив Наумов“Првата македонско-косовска ударна бригада и учествувал во борбите во Егејска Македонија, Кочани и Куманово..Исто бил заменик командант и на Седмата македонска ударна бригада. Носитело е на многубројни одликувања од времето на НОБ.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани