Во Битола денеска е измерена максимална температура од 38 степени, а најжешко беше во Гевгелија со 42 степени, информираат од УХМР.

За само два дена во контролите на сообраќајната полиција констатирани се вкупно 231 прекршок што ги направиле возачите на порачјето на СВР Битола.

Жителите на улицата Прилепска вода треба да добијата за околу три часа, откако ќе биде саниран големиот дефект на потегот од кружниот тек до градинката Пролет. Екипите на ЈП Водовод и натаму се на терен и непрекинатот работата на отстранување на овој дефект на цевка на главната водоводна мрежа. Од ЈП Водовод со цистерна обезбедуваат вода за пиење, додека не се санира проблемот.

 

-Сакам да се извинам на граѓаните од овој дел на градот кои се без вода, токму на овој ден, на празникот Духовден. Овие дефекти се многу ретки, се специфични и тешко се отркиваат.во овој дел на градот, цевките се поставени на поголема длабочина, односно на околу 3 метри под земја. кога почна да истекува водата во моментот кога се случи дефеткторт, околу 50 литри во секунда, што е огромна количина на вода, ние тоа го видовме преку СКАДА системот, резервоарите се празнеа енормно брзо, почнавме да трагаме по дефектот. Но, специфичноста е во тоа што водата не излегуваше на површина, туку се слеваше во канализациониот системот. Работниците почнаа да трагаат од четвортокот во 7 часот утрото, а дефектото се случи во 4 часот утрото. Направивме околу 30 прекопи на повеќе локации. Две екипи работеа без прекин до саботата во 4 часот сабајле, а од утрово во 7 часот се други две екипи. Се откри локацијата на дефектото и сега се работи на негова санација,. Ќе биде саниран за 3 часа и граѓаните ќе добијат вода", изјави директорот на ЈП Водовод, Горан Козаров. 

Тој реагираше  за неосанованите обвинувања, со што вели се навредуваат вработените кои без прекин останаа на терен.

-Ги демантирам шпекулациите што се среќаваат во јавноста дека ЈП Водовод не работи како што треба, затоа што професионланоста е на највисоко ниво. Ја донесеовме и нашта цистерна за вода, граѓаните во овој цел период се снабдени со вода за пиење. би сакал да кажам дека со обвинувањата се навредуваат вработените и нивната професионаност, а тоа не е во ред, додаде Козаров. 

 

received 199546118712927

received 234473038193143

received 1676080555928416

received 1102364820256658

received 1546666485504069

received 269506811630955

received 1596507833873616

received 3621764934715321

received 271090968104253

received 1126859084461845

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани