2win800x200

Утре со почеток во 19:00ч.  во „ Мала Сала “ на НУ Завод и Музеј - Битола ќе се одржи промоција на книгата на Д-р Роберто Трајковски, а со наслов „ Вермахтот и Македонија“ ( 1943 - 1944 година ).  Промоцијата е поддржана од Општина Битола во рамките на Бит Фест 2018 година.

Општина Битола денеска ја објави листата на учесници кои добија финансиска поддршка на годинешното издание на БИТ ФЕСТ

Театарската претстава за Ѓерѓ Кастриот Скендербег, од албанско-американскиот актер Џеват Лимани, вечерва во 19 часот ќе биде прикажана во малата сала на Центарот за клутура -Битола, како дел од програмата на Битфест. Улогата на Доника ја толкува сопранот Ера Хоџа, додека другите ликови се појавуваат преку филмски секвенци и гласови.

Музиката е на  Александар Пеци, костимографија на  Енкел Дика, додека сценографијата на  Кристак Капедани. Режијата ја направија Џеват Лимани и Мајкл Тило-актер и режисер во Холивуд.

Дводневниот  „Фестивал на староградска музика и вино“ започнува вечерва во Старата битолска чаршија пред платото на Мал битолски монмартр. Со почеток во 21 часот денеска битолчани ќе можат да уживаат во изведбите и звуците на Тони и Акорди бенд, Мелос бенд, Икс бенд, Бојан Стојков, Марија Груевска, Папалот.

Утревечер настапуваат Деспина бенд, Екстраваганза бенд, Димитар Андоновски, Билјана Дамјановска- Јанчевска и Борче Наумовски.Фестивалот се одржува во рамките на Битфест.

На Новата сцена во НУ Центар за култура, синоќа беше одиграна театарската претставата на Бабец театар, насловена „Патувањето на еден облак“. Автор на текстот е Роберто Фрабети од Италија, уметничкото оформување е на Јулијана Мирчевска, а актерската игра е на Соња Ошавкова и Веда Мавровска. Со оваа претстава која беше проследена од многубројна публика, започнува соработката на Бабец театарот со италијанскиот автор Роберто Фрабети, а претставата станува дел од новиот проект на Бабец театар „Театар од пелени“. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани