Три милиони денари издвои годинава државата за заштита на  македонскиот црковен бисер „Св Ѓорѓи“ во Курбиново. Тоа се најмногу пари од областа на културата  издвоени за еден проект во  Преспаснко-пелагонискиот Регион  од програмата на Министерството за култура. Средствата се наменети за конзервација и реставрација на прва фаза архитектура и конструкција на црквата „Св. Ѓорги“,  втора фаза како културно наследство во опасност, а ќе бидат вложени уште 20.000 денари за изработка на елаборат за ревалоризација на црквата.

Во филателистичкиот материјал во Македонија, а и поранешна Југославија, кој се состои од  поштенски марки, поштенски блокови, жигови (печати), карнети, пликови и друго Илинден и македонските револуцинери редовно биле присутни.

Од македонските војводи најчесто бил илустриран Гоце Делчев на поштенските марки што се користеле уште во социјалистичка Македонија. Поштенска марка со неговиот лик се ставала во 1984 година, а сликата била преземена од дело на Димитар Кондовски. Имало и други поштенски марки кои најчесто се печателе по повод јубилеј од неговото раѓање или смртта (1872-1903). Печат со неговиот лик во Штип бил изработен на сто годишнината од неговото раѓање, поточно во 1972 година.

"Труд и постојанство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива" - Гоце Делчев

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани