АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Владата и СОНК постигнаа согласност за зголемување на платите во основното и средното образование и во детската заштита. Денешниот договор вклучува согласност за почеток на наставата и почеток на работата на градинките од среда, 27 април, откако утрешниот ден претставниците на претседателството на СОНК и регионалните советници ќе ги информираат вработените во образованието и во детската заштита за постигнатиот договор.
Долгоочекуваното фузирање меѓу РК „Еурофарам Работник“ и РК „Пелистер“, конечно ќе се случи утре во 9 часот наутро за кога е најавено потпишувањето на договорот меѓу Општина Битола и РК „Еурофарм Работник“.
Се уште е неизвесно дали до утре ќе се усогласат книговодствените документи на РК „Пелистер“ за конечно да се потпише догворот за фузија на клубот со РК „Еурофарм-Работник“. Градоначалничката Наташа Петровска, денес рече дека иако Општината го исплатила долгот на РК „Пелистер“, сепак според некои книговотствени показатели се појавува обврска која содржи одреден нејасности. Утре е закажана нова средба меѓу потписниците од двете страни, а дотогаш треба да бидат надминати овие проблеми, затоа што „Еурофарм“ бара да го преземе РК „Пелистер“ без долгови.
Спогодба за отворање на граничниот премин Маркова Нога – Лемос во регионот на Преспа, потпишаа денеска македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров и алтернативната министерка за надворешни работи на Грција Сиа Анагностопулу