2win800x200

Финансиска поддршка од државата за исплата на долговите во училиштата и изградба на стадионот „Под Тумбе кафе“ вети премиерот Зоран Заев при денешната посета на Општина Битола. Долгот на битолското образование што го наследи новата локална власт е над 4 милиони евра, а Заев најави дека за подмирување на обврските ќе се искористат средства од Европската банка за обнова и развој.

При денешната работна посета на Битола, одговарајќи на новинарско прашање околу преговорите за името меѓу Македонија и Грција, премиерот Зоран Заев, рече дека се надева на решение пред ЕУ самитот во јуни.

Не планирам предвремени избори во 2018 година, иако мнозинството во Собрание е тенко, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање како Владата ќе ги спроведува реформите и политиките со мнозинство кое се покажа дека е несигурно  и при вчерашниот избор на јавен обвинител во Собранието на РМ.

„Писмото и говорот се во основата на националниот идентитет, а нивните специфичности и особености се вткаени како карактеристични нишки на културната посебност. Но  во исто време, секој говор и писмо во себе ја кријат и потребата да не бидат изолирани, туку да воспоставуваат комуникација за разбирање,  толеранција и  соживот со другите. Прогласувањето на денешниот ден за официјален празник на албанското писмо е составен дел од јазичното и културното богатство на Република Македонија“, истакна премерот на РМ, Зоран Заев, во свето обраќање пред пристутните на завршната свеченост по повод  Денот на албанската азбука, што вечерва се одржа во Центарот за култура во Битола.

2

Има ли шанса Битола да добие систем за  централно греење од РЕК-Битола? Ова е нова можност која се отвора по средбата на премиерот Зоран Заев со делегација од германската КФВ банка за подршка на развојни проекти, предводена од Кристоф Дискенс, директор на групацијата за Југоисточна Европа и Турција.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани