Иако во Битола има 267 активни слуачи позитвни на КОВИД-19, сепак притисокот врз Инфективното одделение во Клиничката болница не е многу голем.

Во моментот се хоспиталзирани 6 пациенти, сите се во стабила сосотјба, но, задаржани се на болничко лекување поради хроничните болести кои ги имаат. Зголемен е и бројот на прегледи во дневната амбуланта, информираат од Болницата за апла.мк

Сепак, лекарите апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките кои се на сила и да внимаваат на своето здравје.

Битола има висок процент на вакцинирани граѓани, а голем е опфатот со вакцини против КОВИД-19 и меѓу здравствениот кадар во Клиничката болница во Битола, рече при денешната посета министерот за здравство Венко Филипче.

Холандската фондација ВЛА-ДОБРО, чиј основач е Владо Велјановски, Македонец кој живее и работи  во Холандија, донираше 25 медицински душеци, водоотпорни чаршафи и 12 наткасни за Инфкетивното одделние во Клиничката болница во Битола. 

-Многу сме среќни што  помагаме, се е од срце. Помош е секогаш и секаде добредојдена. Се годееме  затоа што тимски, преку нашата фондација,  овој проект успешно го реалзиравме за Битола, вели основачот на ВЛА-ДОБРО, Владо Велјановски.

viber image 2021 06 04 15 07 338

Фондацијата е основана во 2006 година, со цел да помогне со донации, совети, споделување експертизи и поврзување, насочени во сите сфери на живеењето во Македонија-спорт, култура, социјалана помош, животна средина, образование, како и помагање на лица со попреченост. Од формирањето до денес сите идеи на основачот Владо Велјановски, се преточено во дела, а проектите се многубројни.

viber image 2021 06 04 15 07 32

-Со сопругата Кате ова го работиме доброволено, во слободното време. По некоја случајност, наша сограѓанка од Македонија, Соња Вос-Ралевска, која живее во Холандија, ја забележа работата на фондацијата ВЛА-ДОБРО и тоа што ние се трудиме да го направиме  за нашиот крај. Така таа дошла до идеја да стапи во контакт со нас. Ни раскажа за Битола и не праша дали ние би можеле некако да помогнеме. Донацијата за Битолската болница, односно новите душеци, чаршафи и наткасни се резултат од една хуманитарна кампања во Холандија. Кога ги видовме сликите за условите во Инфективното одделение во Битола, се решивме да влеземе во акција. После период на подготовки и различни контакти, добовме информација што би било најдобро и најпотребно. Направивме план и мала реклама, а на крај сите работи ги нарачавме во Македонија, вели  основачот на фондацијата ВЛА-ДОБРО.

viber image 2021 06 04 15 07 311

Владо Велјановски е роден во Македонија, во село Плаке, Охридско. Заедно со неговите родители, во седумдесетите години од минатиот век емигрирал во Холандија. Таму живее со своето семејство и работи како спортски репортер за Холандската национална телевизија.

viber image 2021 06 04 15 07 31

-Како новинар патувам низ целиот свет. Но, ппостојано се прашувам како можам со моето богато животно искуство  да помогнам на мојата земја. Со години сакав да оставам нешто трајно за Македонија. За овој проект сакам да изразам голеа благодарност на многубројните донатори. Но исто така, се надевам дека пациентите  и медицинскиот персонал ќе имаат корист од оваа донација, а им благодарам за соработката и гостопримството на директорката на Клиничката болница во Битола, Билјана Гагачовска и инфектологот д-р Ели Димитровска, рече Владо Велјановски.

viber image 2021 06 04 15 07 322

Директорката Гагачовска,  се заблагодари на оваа донација.

-Голема благодарност на господинот Владо и неговата сопруга Кате и нивната холандска фондација ВЛА-ДОБРО, кои што од Холандија органзираа хуманитарна акција и донираа 25 медицнски душеци, водоотпорно навлаки и 12 наткасни за потребите на Инфективното оддление во Клиничка болница-Битола , рече директорката Билјана Гагачовска.

Страница 1 од 6

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани