АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Најголемата шетачка зона во градот, Широк Сокак од вчера рано утрото е посипана со ризла за да не се лизгаат минувачите на гранитните плочки. Според ЈКП „Нискоградба“ ризлата е посипана по реакции на граѓани дека замрзнатиот дожд предизвикал лизгање и несигурност кај граѓаните при движењето.
-Ризлата е фрлена вдолжи Широк Сокак и сега таа ќе послужи како подлога за новите врнежи од снег кои се очекуваат во четврток и петок, изјави Методи Силјановски директор на ЈКП „Нискоградба“.
Од Нова година досега по улиците низ градот и локалните патишта во општина Битола се фрлени 340 тони сол и 340 кубни метри ризла.
Комплетната механизација на ЈП „Нискоградба„ со околу триесеттина вработени повеќе од 26 часа се на терен на расчистување на снегот од градските и приградските улици.
Од денеска почнува санацијата на ударните дупки на улиците во Битола и руралните средини кои се дел од општината, најави директорот на ЈКП „Нискоградба“, Методи Силјановски.
Битола утрово осамна со снежна покривка од 16 сантиметри и уште во текот на ноќта во првите шест часа од снежните врнежи, ЈП „Нискоградба“ ги исчисти улиците од прв и втор приоритет.
-Исчистени се улиците од прв и втор приоритет уште во текот на ноќта, а подоцна и приградските населби. Напочеток беа посипени ризла и сол , а откако наврнаа над десет сантиментри снег ја вклучивме целокупната механизација на претпријатието, изјави Методи Силјановски, директор на ЈП „Нискоградба“ во Битола, за апла.мк.