2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во рудникот Суводол при РЕК Битола пуштен во употреба е новиот јаловински систем кој на годишно ниво ќе овозможи ископ на јаловина од 2,5 до 3 милиони тони, што значи за педесет проценти повеќе. Со ова ќе се влијае и врз зголемување на ископот на јаглен во рудникот, намалување на трошоците за механизација, а со тоа и поевтина цена на јагленот што ќе рефлектира во иднина и врз цената на струјата.

Еден ваков јаловински систем чини седум милиони евра, но вработените и менаџерскиот тим во РЕК, во соработка со Фабриката за опрема и делови го направија од репарирани стари делови.

„Ние со сопствени сили оспособивме стари станици и други пропратни елементи за системот со помош на ФОД за да направиме нов систем и да обезбедиме стабилно производство. Една година го подготвувавме системот кој беше долго најавуван, а требаше да работи пред 10 до 15 години. Со ова во РЕК почнуваат работите за новата грејна сезона 2024, а оваа веќе ја завршуваме со над 300 000 тони јаглен на депонија и 50 000 тони од Брод Гнеотино“, рече директорот на РЕК „Битола“ Пеце Матевски.

Ова е втор јаловински систем во Суводол, а четврт во рудниците на РЕК.

„Системот е составен од пет транспортери, пет погонски станици, багер одлагач, во должина од 3 и пол километри и ќе го зголеми двојно ископот на јаловина во однос на претходната година зашто сега ќе копаат два системи“, рече Димитар Петковски, директор на Рудници.

„Со пуштањето на овој систем ќе се намали механизацијата што ќе ископува во рудникот Суводол јаловина која не чинеше многу пари. Со ова ги намалуваме нашите трошоци, а го зголемуваме профитот на компанијата. Ако е поевтин ископот ќе биде и поевтина цената на јагленот, а тоа ќе се рефлектира и на цената на струјата“, рече Драган Видновски, еден од директорите на Рудници при РЕК „Битола“.

 Во Рудникот ПЈС Суводол на РЕК Битола, вкупните резервите на јаглен се околу 45 милиони тони. Со петгодишниот рударски проект по кој се работи во моментов и во следните пет години, лоцирани и обезбедени за експлоатација се 15 милиони тони. Проценките се дека двата постоечки рудници на РЕК Битола – ПЈС Суводол и Брод – Гнеотино, како и рудникот Живојно кој наскоро треба да започне со работа, ќе обезбедат јаглен за производство на електрична енергија во следните 20тина години.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани