АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За време на викендот, веднаш по невремето, кое беше проследено со големи врнежи од дожд и силен ветер, екипи на ЈП Комуналец Битола излегоа на терен, при што презедоа активности за расчистување на состојбата.
Учениците од Средното општинско училиште „Таки Дасакало“ од Битола, денеска во малата сала на Центарот за кутура ја реализраа театарската претстава „Викенд на мртовци“ под менторство на професорката по македонски јазик Весна Јовановска. На сценографијата за претставата и дел од костимите работеа ученици од СОУ „Таки Даскало“ и ученици од преку 10 основни училишта.
Под мотото „Градиме мостови кон иднината„ граѓанските организации „Сумнал“, „Баирска светлина“ и Националната контакт точка РОКМКАТЕД, годинава се вклучија во одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите- 8 Април.
Под мотото “Традицијата живее со хуманост” беше организирана регионална Велигденска трпеза, во Битола, на која учествуваа општинските комитети на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и на Прилеп, Крушево,Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци, а присуствуваше и ИК на УЖ, која ја одразува традицијата на македонската жена и нејзините вештини во подготвувањето на храната, но и хуманоста, да им се обезбедат среќни празници и поддршка на оние кои им е најпотребна.
Претседателката на УЖ НА ВМРО ДПМНЕ Даниела Рангелова порача - „Македонската жена, знае успешно да се справува со сите предизвици, во јавниот живот, активна и бескомпромисна во нејзиниот политички ангажман, но целата енергија ја црпи од својата традиција на вредна домаќинка, семејните традиции, кои се потпираат на хуманост, помагање и поддршка“.
Присуството на претседателката Рангелова во Битола, искористено и за работна средба со УЖ ОК ВМРО ДПМНЕ Битола