АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битола има висок процент на вакцинирани граѓани, а голем е опфатот со вакцини против КОВИД-19 и меѓу здравствениот кадар во Клиничката болница во Битола, рече при денешната посета министерот за здравство Венко Филипче.
Досега во Региoналниот пункт во Битола аплицирани се над 50 илјади дози вакцини против КОВИД-19 на жителите на Битола и соседните општини, а интересот кај битолчани е константно голем, потврдуваат надлежните.
Од 1807 пријавени граѓани, денеска во Регионалниот вакцинален центар во Битола вакцината ја примиле 1422. За ревакцина од 180 закажани, втора доза примиле 177, додека тројца не дошле на ревакцинација со Фајзер. Ампулата која се отвора за 6 дози, за да не се фрли неискористената вакцина, биле повикани 3 лица кои примиле прва доза. Со тоа вкупниот број на вакцинирани граѓани со прва доза и ревакцина е 1602, што е најмногу во еден ден од почетокот на масовната имунизација.