АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вандали ноќеска дивееле на Градското шеталиште во Битола, буквално уривајќи канделабри. Сликите кои утрово ги затекнаа битолчани
Вандали ги откорнале металните билборди во Градското шеталиште во Битола, под Спортската сала, каде стојат насоки од Агенцијата за спорт и млади како да се користат поставените спортски справи и реквизити. Еден од билбордите е сосема откорнат и отуѓен, додека другиот е соборен на земја и оставен.
Граѓаните кои утрово биле на прошетка во градскиот парк беа згрозени од ваквата глетка и бараат од полицијата да ги открие вандали кои во неколку наврати само оваа година дивееја низ Градското шеталиште.
Вандали дивееле на Булеварот 1-ви Мај корнејќи ги металните столбчиња од бетонот и уништувајќи ги бехатон плочките на дел од патеките во близина на автобуската станица кај Црн мост.
Граѓаните кои живеат во близина се згрозени и револтирани од ваквото примитивно и недолично однесување на сторителите, со забелешка дека ваквото дивеење се повторува без да се најдат и казнат сторителите.
Вандали во текот на ноќта ја демолирале урбаната опрема на битолското шеталиште. Позади себе оставиле пустош, превртувајќи ги и уништувајќи ги жардинерите со цвеќиња, а исто така искршиле и десетина корпи за отпадоци.