2win800x200

Синоќа околу 23.30 часот на падините на Кајмакчалан загинале  двајца млади македонски планинари, на возраст од 26-35 години, јавуваат грчките медиуми.

Од нашето МВР велат дека се уште ја проверуваат информацијата.

Димче Јошевски од Дирекцијата за спасување во Битола со екипа од Спасувачи на планина веќе се подготвуваат со санка да тргнат на местото каде според телефоните ги лоцирале планинарите.

-Сега одиме во тек е акција, со хеликоптер не може да се замине па ќе одиме со санка. Станува збор за локација од Лутраки кон Кајмакчалан, кај  една од караулите. Но ги има шест караули и точно не знаеме каде се, изјави за апла.мк Димче Јошевски. 

Според него се работи за група од педесеттина  планинари од Скопје кои вчера заминале за Грција.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани