АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
До 17 часот, според ДИК, излезноста во Битола е 45,69 проценти.
Во Новаци 56,57 проценти, Могила 46,63 проценти, Ресен 39,71 процент, а и понатаму лидер по одзив во Југозападниот регион е Демир Хисар со 60,40 отсто излезеност на гласачите.
По избирачки места најголема излезност во Битола до 15 часот е регистрирана во централното градски подрачје, Ушици, Триаголникот, а најмала на едно избирачко место во месната заедница „Димитар Влахов“ и селата Раштани и Граешница.
До 10 часот во Битола на гласање излегле 9,35 проценти од гласачите, што е за нецел процент повеќе од излезноста во првиот круг кога до 10 часот претпладне изнесуваше 8,80 проценти. Сепак, со оваа излезност Битола се доближува до општина Новаци, која пак беше лидер во излезност во првиот круг. Во Новаци до 10 часот гласале околу 10 проценти од гласачите, што според ОИК е на истото ниво како и во првиот круг.
Во општина Могила излезноста е зголемена околу процент и половина. До десет часот денес гласале 6,02 проценти, а во првиот круг до истото време 4,6 проценти од гласачите.
Излезноста на гласачите во Битола до 15 часот изнесува 32,75 проценти, соопштија од Општинската изборна комисија.
Најголема излезност на гласањето за референдум е забележана на гласачките места во месностите Градчето Пејтон, Стевче Патако, училиштето „Кирил и Методиј“ и кај Гроздот, а од селата во Лера, покажуваат резултатите на ДИК. Најмала излезност има во селото Ново Змирнево, Драгош, Ѓавато и Габалавци.