2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во изминатиот период, после отстранувањето на дел од градежното скеле на објектот на Офицерскиот дом, битолчани можеа да посведочат на новиот изглед на овој, навистина импозантен објект.

Меѓутоа реакциите по однос на бојата на фасадата беа различни. Многумина ја паметат белата боја на овој објект, и според тоа сметаа дека оваа боја, била и оригиналната боја на објектот.

Како институција задолжена за вршење на конзерваторскиот надзор и следење на работите на Офицерски, би сакале да Ве информираме за начинот и причината за избор на актуелната боја на фасадата на објектот.

Во долгиот период на опстојување на овој објект, фасадата во повеќе наврати го менувала својот колорит. Така на пр. во последните дваесетина години таа беше бела. Постарите битолчани можеби се сеќаваат на изгледот на Офицерски во седумдесетите години на минатиот век, кога неговата фасада била темно розова, додека пак претходно таа била жолта (окер) и.т.н.

Во насока на дообјаснување и реално прикажување на фактите, би сакале да Ве информираме, дека денешната боја всушност е најстариот, или оригинален слој, кој беше откриен на фасадата на Офицерски, а истиот беше одреден врз основа на конзерваторски истражувања и соодветни хемиски анализи, кои беа реализрани од страна на стручни лица.

Само како пример ќе споменеме дека, и пред дваесетина години, кога се вршеше конзервација на фасадите на објектите кои се наоѓаат на Широк Сокак, по пат на соодветни конзерваторски истражувања и хемиски анализи се одредуваше бојата на секој од поединечните објекти. На тој начин шареноликоста и богатството на бои на фасадите од овие објекти, е всушност продолжение на некогашниот изглед на Широк Сокак.

Се надеваме дека ова соопштение ќе овозможи прецизно информирање на јавноста за причината и изборот на актуелниот изглед на Офицерски, соопштија од Завод и музеј Битола. 

Автентичниот паркет изработен во техника на интарзија кој е во половна состојба, а беше изваден за време на конзерваторско-реставраторските активности во Офицерскиот дом во Битола, ќе се даде на трајно користење на Завод и музеј од Битола. Ваква одлука на денешната седница треба да донесе Советот на Општина Битола. Паркетот на оваа институција која е задолжена за заштита на клултурното богатство во Битола , ќе му се даде за да го постави во изложбен простор. Според договорот што ќе биде постигнат со Општината, доколку Завод и музеј не ја исполни обврската, ќе биде задолжен да го врати паркетот назад или да ја надомести вредноста. 

Заличи предниот дел од фасадата на архитектонскиот бисер на Широк Сокак, наречен уште и битолски Версај. Реставрирана е фасадата во овој дел на Офицерскиот дом во Битола. Нема веќе чкртаници и руинирани делови. Мајсторите  работат од страната на влезот на Домот, а постоа останува да се рестраврира и страничниот дел од објектот. Со ова Офицерски постепено си го враќа стариот сјај. 120047296 387525245589185 5888224391279916608 n

Екипи на КЈП „Нискоградба“ деновиве работат во надворешниот дел на Oфицерскиот дом, поставувајќи нова атмосферска и фекална канализација, која ќе биде приклучена кон главната улична одводна каналска мрежа.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорот на КЈП „Нискоградба“ Методи Силјановски извршија увид во работата на терен. Силјановски појасни дека со атмосферската канализација, покрај надворешните води од објектот, ќе бидат опфатени и атмосферските води од партерното уредување.

Вредноста на оваа инвестиција е 1,5 милиони денари, средства од Општина Битола.

Во внатрешноста на објектот се работи на сите катови од Офицерскиот дом, според предвидената динамика. Во одредени делови е поставена нова дограма, а се работи и на поставување на инсталационите системи. офиоцерски 33

офицерски 44

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани