АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот Тони Коњановски денеска пред советниците на седница на Општинскиот Совет образложи до каде е постапката за реконструкција на мосто кај Безистенот. Тој рече дека се добиение дел од потребните документри, се чека уште еден, водостопанска согласност од Министерство за животна средина, по што ќе се поднесе барање за одобрение за градба.
Од денес изведувачот на изработката на техничката документација и реконструкцијата на Мостот кај Безистенот е воведен во работа. Како прва фаза од предметните работи е изработката на проектната документација, во која е предвидено и пескарење на челичната конструкција. Подготвителните активности се веќе отпочнати, а со пескарење ќе се започне во понеделник, информираат од Општина Битола
Додадваат дека после изработката на техничката документација, ќе следува обезбедување на одобрение за реконструкција од Министерството за транспорт и врски, со цел отпочнување на градежните активности.
Општинат Битола од денеска воведува времен режим на сообраќај со цел растоварување на сообраќајот во централното градско јадро, поради подготовка за реконструкција на мостот кај Безистенот.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес имаше средба со дел од месното население во селото Буково за да ги слушне проблемите настанати по реконструкцијата на локалниот пат.