2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Изменет режим на сообраќај во центарот на Битола поради реконструкција на мостот кај Безистенот

Декември 03, 2021



Општинат Битола од денеска воведува времен режим на сообраќај со цел растоварување на сообраќајот во централното градско јадро, поради подготовка за реконструкција на мостот кај Безистенот.



Улицата „11 Октомври“ (пред Црквата Свети Димитрија) ќе биде затворена за сообраќај.


На улицата „Кирил и Методиј“ која е еднонасочна од спој со ул. „Пеце Матичевски“ кон спој со ул. „Београдска“, со овој проект  е предвидено сообраќајот да се одвива во две насоки.

На спојот на ул. „Булевар 1 Мај“ со улиците „Столарска“ и „Добривое Радосавлевиќ“, кај сендвичарата Рудо јагне, се предвидува престројување во три сообраќајни ленти соодветно по насоки на движење, каде ќе има и времено поставување на хоризонтална, вертикална и  светлосна сигнализација.

FB IMG 1638547542021


Од улица Широк Сокак (Паркингот пред Градскиот Часовник) дозволено е лево свртување кон ул. Цар Самуил.

FB IMG 1638547568338

На Паркингот пред Градскиот Часовник предвидени се места за такси возила.

Измена има и кај пешачкиот сообраќај, што се регулира со соодветно поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација дополнета со сообраќајна опрема (пешачка ограда).

FB IMG 1638547546693

Општина Битола, апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат времено поставената сигнализација и опрема.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани