АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Старата зграда на Затворот кај „Црн Мост“ во Битола, замина во историја. Објектот каде над половина век, во крајно мизрени и деградирaчки услови , илјадници затвореници ја издржуваа затворската казна, добива нов лик.
Училиштето ОУ „Елпида Карамнди“ од Битола, кое како и останатите во градот, пред 4 месеци беше со блокирана сметка и долг од 500 илјади евра, без услови за набавкка на основни средства, сега веќе започнува со реконструкција на се она што долги години беше запоставено. за само неколку месеци, комплетно се реновирани соблекувалните и санитарните јазли во училишната спортска сала во ОУ „Елпида Караманди“ во Битола, за што вкупно се вложени 750 илјади денари од општинскиот буџет. Овој простор за кој најчесто се однесуваа забелешките на санитарната инспекција, затоа што беше целосно руиниран и 40 години без никаков зафат, сега доби нов лик, но и соодветни услови за изведување настава за физичко воспитување во ОУ „Елпида Карамнди“, од каде најавуваат и покрупни градежни зафати.
-До пред 4 месеци имавме блокирани сметки 8 години, поради што не можеше да се планира, ниту да се изведи било какава активнос. Откако се одблокираа сметките, почнавме со активности, а првата работа беше реновирање на спортската сала затоа што забелешките на санитарните инспеткции се однесуваа токму на овој простор. Целосно е променет водоводот и одводот, извршено е поплочување, бојадисување, ги променавме стаклата на дограмата, реновирана е и канцеларијата на наставниците, рече Татајана Дамчевска, директор на ОУ „Елпида Караманди“-Битола.
Градоначалничката Наташа Петровска рече дека оваа реконструкција на соблекувалните и санитарните јазли во училишната спортската сала е само најава за следните пообемни зафати.
-Општина Битола веќе ја подготви јавната набавка во висини од 2,5 милиони денари во ова училиште, по што ќе имаме сосема поинаков изглед на ова училиште, онаков каков што заслужуваат децата, рече градоначалничката Петровска.
Директорката Дамчевска рече дека со деблокирана сметка веќе полесно се планираат следните чекори во училиштето.
-Зградата на училиштето се наоѓа во многу лоша состојба, треба да се реновира, исто и покривот, промена на надворешна и внатрешна дограма, подот и системот за греење. Долгот беше 500 илјади евра, пари со кои можеше да се изгради ново училиште. Откако имаме одблокирани сметки, училиштето може нормално да работи и редовно се обезбедуваат канцелариски материјали и потребни средства за учениците, а дополнително се набавени се две паметни табли, десет зелени магнетни табли, една бела табла, големо проекционо платно за презентации и филмови, една бела подвижна табла, три училници за одделенска настава се опремени со клупи и столици, а во моментов се обновува осветлувањето во сите училници“, истакна Дамчевска која изрази благодарност до Советот на родители, за кои како шторече постојано се вклучени во сите активности на училиштето.
Лани училиштето доби два грата од ЕУ во висина од 130 илјади евра кои ќе бидат наменети во обука на наставници за работи со деца кои имаат потешкотии со учењето и размена на додобри практики за подобрување на технологијата на основните училишта.
Е.М.
Голема градежна офанзива со реконструкција на голем број на улици најави власта на денешната седница на која се гласаше буџетот за следната година. Во 2020 година ќе се реконструираат улиците Илинденска, Димитар Илиевски-Мурато, Македонска фаланга, Партизанска во делот од Веро кон поранешната телевизија Орбис, Браќа Џаферови, десната страна од Булавар Први Мај, Димитар Валхов, Рузвелтова, АСНОМ, „2 Август, 12 јули, Цане Василев, Борис Наумовски Борче и многу други кои со години наназад само се крпеле, а не биле целосно реконструирани.
„На граѓаните им треба уште многу повеќе имајќи ги во предвид наталожените инфраструктурни проблеми. Велам наталожени, зашто дури и Илинденска за која завчера беше кажано дека била оставена како улица со готова проетна документација и изведувач од годините како се влечела нереализирана, договорот временски истекол и бараше нова постапка која моравме да ја реализираме. За Илинденска каде во овој зафат имаме 15 милиони денари , општина Битола ќе вложи 3 647 101 денар само за секундарен водовод и 6 909 136 за секундарна канализација, овие фази ќе одат преку Водовод и Нискоградба додека коловозот од 22 милиони денари ќе се реализира преку склучен договор со БВ Инженеринг. Тоа значи дека по сите основи ако ги соберете сумите Илинденска треба од сите изводи на средстав да биде покриена со влог од 32 милиони денари“, рече градоначалничката Наташа Петровска.
За патот за село Маловишта веќе е избран изведувачот, 22 милиони денари се обезбедени. Во Лопатица е избран изведувач за патерно уредување. Во Долно Оризари се градат улици од 5 милиони денари , а нарачана е и проектна документација за останатите улици во Долно Оризари, Бистрица, Кравари и Жабени. Планирани се улици и низ други битолски селски населби.
Ж.Здравковска
Општина Битола започна комплетната реконструкција на спортската сала во ОУ „Д-р Трифун Пановски, која е првата училишна спортска сала изградена во битолските училишта.