АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во тек е последната фаза од комплетната инфраструктурна реконструкција на улицата „Климент Охридски“, на потегот од ул. „Партизанска“ до ул. „Солунска“.
По завршувањето на подземните активности, каде што КЈП „Нискоградба“ ја реконструираше канализационата мрежа, а ЈП „Водовод“ изврши промена на старите азбестно-цементни цевки во водоводната мрежа со нови полипропиленски цевки, следува последната фаза од реконструкцијата.
Во моментов на терен се одвива подготовка и тампонирање на коловозот на првата делница од улицата, по што ќе следува и асфалтирањето. Градежните активности се одвиваат согласно утврдената динамика, со што од сите страни ќе се испочитуваат предвидените рокови за работа.
Реконструкцијата на ул. „Климент Охридски“ во Битола е во должина од 450 м. Изведбата на канализационата мрежа чини околу 2,5 милиони денари, за изведбата на водоводната мрежа се потрошени околу 2 милиони денари, а за коловозот 5 милиони денари, средства на Општина Битола.
Со уредување на тротоарите на улицата „8ми Септември“ , односно влезот во Битола од страната на Прилеп, деновиве завршува реконструкцијата на оваа фреквентна сообраќајница, по што ќе следи хоризонтална и вертикална сигнализација. Истовремено се уредува и тротоарот на улицата „Булевар 1 ви Мај“, под Музичкото училиште, информираат од локалната самоуправа.
-Во рамките на инфаструктурните активности, на улицата „8ми септември“ се уредува тротоарот, а паралено со оваа локација, се уредува и тротоарот под Музичкото училиште. Двете локации имаат опфат од 600 метри, за што од буџетот на Општина Битола се издвоеи 1 милион денари за спроведување овие активности, рече градоначалничката Наташа Петровска.
Реконструкцијата на северниот главен сообраќаен влез во Битола започна во април, при што беше променета и канализационата мрежа, а нов асфалт е поставен во должина од 2,5 километри. За реалзиација на овој проект Општина Битола издвои 8,5 милиони денари, а допoлнителни средства се обезбедени и од ЈП за државни патишта.
Градончалничката Петровска информираше дека се очекува сите започанти инфраструктурни зафати во Битола и некои рурални населби да завршат до крајот на оваа градежна сезона.
-Покрај овие инфраструктурни активности, во тек се и останатите, а со завршувањето на оваа градежна сезона, во ноември сите зафати ќе бидат затворени. Во зависност од тоа како ќе овозможуваат временските услови,така ќе се движиме со инфраструктурните зафати, рече Петровска.
Паралелно, се работи и на магистралниот пат Прилеп-Ресен, на обиколницата над Битола, а во поголемиот дел на оваа делница поставен е нов асфалт. Оваа реконструкција ќе чини околу 1,5 милиони евра, а се очекува градежните работи да бидат завршени и пред предвидениот рок од осум месеци.
Старите азбестно- цементни цевки на водоводната мрежа на улицата „Климент Охридски“ во Битола се заменуваат со нови полипропилентски цевки, по што комплетно се менува водоводна инстраструктура со приклучоците.
Започнаа активностите околу реконструкцијата на регионалниот патен правец Битола-Новаци-РЕК со вкупна должина од 12 километри
Инвестицијата изнесува 61 милион денари, средства обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.
Целиот реконструктивен зафат се очекува да биде завршен најдоцна за 2 до 3 месеци, односно во септември годинава. Изведувач на градежните работи е фирмата „Ескаватори“.
Наскоро се очекува да се започне и со реконструкција на мостот на река Црна на истиот патен правец. Овие градежни работи ќе ги изведува ГП „Гранит“, информираат од општина Новаци
Започна реконструкцијата на делот од Булеварот „Први Мај“ кај старата битолска чаршија. Градежните активности се одвиваат на потегот од мостот кај Безистенот до Ленски мост. При зафатот се остранува старата коцка.
Градоначалничката Наташа Петровска на својот фесјбук профил вети дека активностите ќе се одбиваат ударнички и квалитетно во интерес на граѓаните, дуќанџиите и посетителите на Битола.