АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Провокации, барања за прошка, шила, листа со непотистички вработувања, што сѐ не се спомна на долгата седница на Совет денес во Битола, па имаше дури и обраќања од типот „Горномакедонци, Долномакедонци, Северомакедонци“. На дневен ред беа многу сериозни точки како донесување на годишен план за вработување во четирите јавни претпријатија, а дискусијата прерасна во партиски препукувања, со дозна на исмејување и навреди.
Сет краткорочни мерки за намалување на аерозагадувањето во Битола, меѓу кои набавка на еколошки билборди и субвенционирање на печки на пелети, по третпат предложи опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на општинскиот Совет, но предлогот не беше усвоен од мнозинството.
Советникот Иван Чулакоски од незвисната советничка група „Поинаку“ со бејсбол палка во рацете денес излезе на советничката говорница во Битола. По најавите дека од буџетот ќе се издвојат средства за нови спортски активности, тој пародично побара од Општината да формира бејсбол клуб велејќи дека има многу заинтересирани битолчани за овој спорт.
„По барање на битолчани има многу заинтересирани да се занимаваат со бејсбол во Битола и побаравме од Комисијата за спорт која предвидува буџет и средства за нови спортски активности и содржини во Битола да се формира и еден бејсбол клуб кој ќе функционира под належност на Општина Битола. Ние како ‘Поинаку’ сме заинтересирани да донираме палки за сите заинтересирани граѓани“, рече Чулаковски.
На ваквото барање возврати претседателот на Советот, Валентин Груевски велејќи дека Општината нема надлежност да формира спортски клубови, но може да ја поддржи нивната активност доколку таков клуб е оформен.
Од „Поинаку“ побараа во Советот да се достави информација за аероздагувањето во Битола. Но, ваквиот прелог беше одбиен зашто како што изјави Методија Илиевски, координатор на советниците од СДСМ, во тек е изработка на краткорочни мерки за заштита на животната средина.
Три знамиња раширија пред советничката говорница, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, по што ја напуштија денешната седница на битолскиот Совет, во знак на поддршка за притворените од настаните во Собранието на 27 април. Координаторот Борче Димитровски, ваквиот потег го образложи од говорницата.
За секој добиен глас на последните локални избори во Битола, политичките партии ќе добијат по 15 денари што согласно Изборниот законик им следуваат од буџетот на Општината. Така партиципиентите во локалната власт во Битола ќе се офајдат од неколку стотина, па се до неколку десетици илјади евра, пари коишто ќе влезат во партиските каси.
Утрешната седница на Советот на Општина Битола е со една точка на дневен ред- Одлука за определување на надомест на трошоците за избори на учесниците во изборната кампања од чии листи се избрани и од чии листи не се избрани кандидати за членови во Советот, односно кандидат за Градоначалник на Општината Битола на локалните избори октомври 2017 година.
Ова значи дека сите политички партии што на последните избори добиле 1, 5 проценти од вкупниот број на гласови од излезените граѓани, без оглед дали успеале да влезат во Советот или не ќе добијат пари.
Така според анализите најголемиот дел од колачот ќе го поделат СДСМ и коалиционите партнери, потоа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а пари ќе земат и ПОИНАКУ и Левица.
-Ова е законска обврска што мора да се донесе до крајот на годината. Ако не се исплатат парите годинава догодина тие нема да може се исплатат бидејќи нема да бидат предвидени со буџетот, вели претседателот на Совет, Валентин Груевски.
О Д Л У К А
за определување на надомест на трошоците за избори на учесниците во изборната кампања од чии листи се избрани и од чии листи не се избрани кандидати за членови во Советот односно кандидат за Градоначалник на општина Битола на локалните избори октомври 2017 година
Член 1
Со оваа Одлука се определува надомест на трошоците за избори на учесниците во изборната кампања од чии листи се избрани и од чии листи не се избрани кандидати за членови во Советот односно кандидат за Градоначалник на општина Битола на локалните избори октомври 2017 година.
Член 2
Висината на надоместокот се определува во износ од 15 денари по добиен глас за учесниците во изборната кампања од чии листи се избрани кандидати за членови во Советот односно Градоначалник на општина Битола.
Висината на надоместокот се определува во износ од 15 денари по добиен глас за учесниците во изборната кампања од чии листи не се избрани кандидати за членови во Советот односно Градоначалник на општина Битола, доколку освоил најмалку 1,5% од вкупниот број на гласови од излезените граѓани на ниво на општината.