2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

„Те молам, проштевај“ од говорница!

Јануари 30, 2018

Провокации, барања за прошка, шила, листа со непотистички вработувања, што сѐ не се спомна на долгата седница на Совет денес во Битола, па имаше дури и обраќања од типот „Горномакедонци, Долномакедонци, Северомакедонци“. На дневен ред беа многу сериозни точки како донесување на годишен план за вработување во четирите јавни претпријатија, а дискусијата прерасна во партиски препукувања, со дозна на исмејување и навреди.

 

Се дискутираше за годишниот план за вработувања во „Комуналец“ кога на говорницата стана советничката Анита Ангелевска од ВМРО-ДПМНЕ  и на советниците од владеачкото мнозинство, предводено до СДСМ им рече: „Народот ништо веќе не очекува од вас, вие сте само покритие за продажбата на државата што е во тек“.

Нејзиниот говор го прекина претседателот на Советот, Валентин Груевски, опоменувајќи ја да се врати на точката од дневниот ред.

„Веднаш се враќам на темата за вбработување, те молам проштевај“, рече Ангелевска и продолжи „ работеле или не, тотално сте небитни и тоа е тотално неважно, вработувате снаи, братучеди, золви“. По ова доби уште една опомена од Груевски: „повторно Ве опоменувам иако Ви простив првиот пат, побаравте прошка, сега повторно продолжувате по истиот терк“.

„Се враќам на вработувањата, ете уште еднаш простете ми...Во исполнувањето на агендата сето ова е со краток рок. Никој нема намера да работи во оваа држава освен да ја исполни агендата која што ја ветил некаде“, рече Ангелевска.

По ова Груевски ја прекина во излагањето и даде пауза од пет минути.

По паузата  на говорницата стана Борче Корлевски, советник од СДСМ која на Ангелевска, една од обвинетите во случајот „Транспортер“ ѝ возврати : „Единствена грижа Ви беше седницата да се одржи денес зашто утре треба да присуствувате таму каде Ве бараат судските органи, каде што треба малку повеќе да говорите и вешто да избегнувате од одговорноста“.

Дискусијата ја продолжи Менде Илиевски, координатор на советниците од СДСМ, кој покажа листи на кои како што рече е целиот непотизам на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

„Целиот непотизам кој го направивте во Општина Битола преку вработувања на своите најблиски браќа, сестри, роднини, стои тука и ова многу брзо ќе биди обелоденето, со имиња презимиња, кога некои од вас, членови на ВМРО-ДПМНЕ стапнуваат на функција и како по краток рок ги вработуваат своите најблиски, од бившиот градоначалник Владимир Талески, до пратеникот Зоран Илиоски, уште едната пратеничка Лијана Кузмановска, бившиот советник Игор Хаџиевски...Не дискутирајте за нешто што сте го направиле. Вие го направивте непотизмот. Не ја извртувајте вистината оти вашиот поранешен лидер ви кажа дека таа е како шило “, рече Илиевски.

 На крај стана советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Олга Лозановска, и присутните ги поздрави со зборовите: „Почитувани,  Горномакедонци, Долномакедонци, Северомакедонци или какви и да бидете...Да ми кажете еден член на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе биде вработен од вас, а јас ќе ви кажам на следната седница луѓе, ваши членови кои ги вработи ВМРО-ДПМНЕ  од минатите години“.

Во ваква атмосфера денес беа донесени годишните планови за вработување во јавните претпријатија. Се работи за стотина работни места кои мора да се стават во годишен план и изгласаат на почетокот на годината, а потоа се пополнуваат според потреба и незадолжително.   

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани