2win800x200

Вкупно единаесет основни и средни училишта во Битола бараат да се реализира настава со целосно или делумно физичко присуство на учениците.  Шест од вкупно 12 основни училишта во општина Битола бараат настава со физичко присуство за учениците од четврто до деветто оддление и за учениците во комбинираните паралелки од прво до петто оддление. Вакви барања поднеле битолските основни училишта „Д-р Трифун Пановски“, „Елпида  Караманди“, „Ѓорѓи Сугарев“ и „Коле Канински“ за кое е одобрено од Советот на општината за настава со физичко присуство во две подрачни училишта во село Буково и село Поешево, како и основните училишта ОУ „Александар Турунџев“  од с.Кукуречани и ОУ „Крсте Петков Мисирков“ с.Бистрица.

Во Битола има 797 завршени основци, а според конкурсот распишани се повеќе од двојно слободни места во средните училишта. 

На среде лето  кога  учениците се на распуст, а  наставниците колективно  на летен одмор Министерството за образование и наука дава напатствија за запишување  ученици во јавните средни училишта во учебната 2018-2019 година. Уписот  трае од 10 до 13 јули, а во средните училишта на меил бил испратен  во вторникот (на 10 јули) во 15 и 30 часот, кога поминало работното време. 

Во четврток на 28 јуни ќе се спроведе вториот уписен рок за учениците во средните училишта каде останаа  слободни места по првиот упис кој беше на 18 и 19 јуни.

Според конкурсот што го објави Министерството за образование, за првпат годинава запишувањата на деветтоделенците ќе заврши во јуни и нема да има уписи во август.

Првиот уписен рок во средните училишта во Битола започна денеска. Во 7- те средни училишта од градот според распишаниот конкурс на  Министерството за образование и наука предвидени се вкупно 1966 слободни места, што е речиси двојно повеќе од завршени полуматуранти годинава, односно 1020 ученици. Но, во средните училишта во Битола се запишуваат деветоодделенци и од околните општини и градови.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани