
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Мерките и препоракие на Владата за превенција на евентуална зараза од корона вирусот најмалку ги почитуваат повозрасните граѓани, кои не само што треба да бидат пример за сите, туку се и најризична категорија кога станува збор за ова заразно заболување.
Секое годишно време раскошно ја распостелува својата убавина на Пелистер, ама снегот најмногу му прилега, па и овој мартовскиот, кој со сета сила ѝ пркоси на пролетта..
Фотографиите се направени вечерва на добро познати локации на Пелистер: кај Информативниот центар, Палиснопје, Копанки, Молика...
Е.М.
Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, упати апел до сите граѓани совесно да се однесуваат и да ги почитуваат сите мерки и препораки од надлежните во услови кога е прогласена пандемија од Светската здравствена организација. Таа рече дека потребно е да реагира професионално, според утврдена хиерархија, со строги протоколи, во кои точно и прецизно секој си ја знае сопствената работа и сноси сопствена одговорност.