2win800x200

МАКЕДОНИЈА

Секое годишно време раскошно ја распостелува својата убавина на Пелистер,  ама снегот најмногу му прилега, па  и овој мартовскиот, кој со сета сила ѝ пркоси на пролетта..

Фотографиите се направени вечерва на добро познати локации на  Пелистер:  кај Информативниот центар,  Палиснопје, Копанки, Молика...

Е.М.

 

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, упати апел до сите граѓани совесно да се однесуваат и да ги почитуваат сите мерки и препораки од надлежните во услови кога е прогласена пандемија од Светската здравствена организација. Таа рече дека потребно е да реагира професионално, според утврдена хиерархија, со строги протоколи, во кои точно и прецизно секој си ја знае сопствената работа и сноси сопствена одговорност.

Општина Битола во соработка со наставниците, започна со задавање на интернет содржини за учениците. Оваа интернет платформа, постојано ќе се надополнува со нови наставни содржини, со цел учениците да можат дома да работат на совладување на наставниот материјал.

Во најголемиот дел од маркетите во Битола, дури и во оние со поголем капацитет, разграбани се количините на леб. Рафтовите се веќе празни иако од продавниците кажуваат дека денес биле нарачани и поголеми количини.

Покрај лебот, се празнат и рафтовите со брашно, масло, млеко, јајца, тоалетна хартија, паштети, замрзна пилешко место, замрзнат пакован зелкчук...

Уште шест лица се заразени од коронавирусот со што бројот на заболени се искачи на 18, соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче, Петмина од нив се од Дебар и една заболена  е жена која синоќа се вратила од Шпанија, а за 51 патник кој патувале со неа во авионот е дадено решение за домашна самоизолација. Останатите шест тестирани не се позитивни на КОВИД 19. 

Честопати апла.мк со своите читатели ги споделува фасцинантните фотографии на Јован Наумовски, кои секогаш будат голем интерес.

Еден странски државјанин, претставник на една од меѓународните организации, е тестиран на коронавирус преку Центарот за јавно здравје во Битола, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција. Тој не откри други податоци за странецот. Рече дека откако ќе се добијат резултатите ќе се соопштат во јавноста. Инаку денес на овој вирус се тестираа девет лица во земјава, а заразени има 13. 

Под хаштагот #СедиСиДома  учениците од ОУ "Тодор Ангелевски" снимија видео преку кое даваат личен пример дека за време на принудниот распуст ќе останат дома. Тие на снимките велат дека времето ќе го искористат за читање лектрири и играње игри со семејството. видеото е своевидел апел и другите врсници да го направат истото со цел да се заштитат од вирусот.
На видеото што го објавија оставија и порака во која велат: 

Денес седам дома
За да се заштитам себе
Бидејќи утре треба
Да играм заедно со тебе...
УЧЕНИЦИТЕ од  ОУ"ТОДОР АНГЕЛЕВСКИ" БИТОЛА- ПРИМЕР ЗА НИВНИТЕ ВРСНИЦИ...
#СедиСиДома

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани