2win800x200

МАКЕДОНИЈА

Веќе два дена во битолските аптеки трае навалица од купувачи кои се снабдуваат со различни антибактериски средства за дезинфекција на рацете и други површини.

Фармацевти за Апла.мк велат дека утрово добиле нова пратка и за половина час битолчани ја разграбале. Па, денес претежно на рафтовите беа останати антибатериски гелови од 50 милилитри. Овие средства за дезинфекција  на рацете можат да се набават по цена околу 50 денари за педесетина милилитри.

Какава ќе биде намената на Офицерскиот дом, разговарале меѓу другото раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Македонија, Никола Бертолини и градоначалничката Наташа Петровска, при  завчерашната посета на Битола. Бертолини заедно со Петровкса го посетија и Офицерскиот кој е во фаза на реконструкција, при што тој бил фасциниран од просторот и можностите што ги нуди, па дури предложил и свои идеи од она што го видел низ европските градови..

Оперскиот пејач Игор Дурловски ќе биде носител на листата со кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица пет, каде спаѓа и Битола. 

Дури четворица битолчани се најдоа на листата со кандидати за пратеници. Покрај Дурловски, на местото број три е универзитетскиот професор и поранешен претседател на битолскиот општински Совет Силвана Ангелевска. На местото број шест е Олга Лозановска од Битола, специјалист по интерна медицина и актуелен советник и на 12 место е Бобан Бојковски, вработен во Центарот за развој на Пелагонискиот-плански регион. Останатите позиции се пополнети со кандидати од другите градови. На местото број два веднаш по носителот Дурловски е Антонијо Милошоски, досегашен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. 

 

Во следните 14 дена ќе биде прекинат воспитно-образованиот процес во градинките, наставата во основните и средните училишта во земјава. Ова е нова мерка што Министертвото за здравство ја предложи до Владата, а таа ја усвои на денешната седница со цел да се спречи ширење на вирусот корона во земјава. 

 Според изјавата на министерот за здравство Венко Филипче во следните 14 дена од работа ќе бидат ослободени и вработените во образовните институции. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани