АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пишува: Мери Јордановска
Во земјава живеат вкупно 94.412 лица со попреченост, покажуваат последните податоци од пописот кој лани го спроведе Државниот завод за статистика. Поголем дел од лицата со попреченост се жени (52.203), а најголемиот дел од овие лица, односно над 40 отсто, имаат проблеми со движењето.
На возраст од 0 до 14 години во државата има 1674 деца со попреченост, 43.5 отсто се луѓе на возраст о 15 до 64 години, а 54.8 отсто се на возраст од 65 години и повеќе.
На пописот, освен за проблеми со движењето, 12.371 се изјасниле дека имаат проблеми со видот, 5.947 со слухот, 3.896 со комуникацијата, а дури 33.699 луѓе се изјасниле дека имаат други потешкотии.
Бројката на лица со попреченост во државата воопшто не е ниска, а иако земјава во 2019 година усвои нови услуги за ни, сепак тоа не ја намалува дискриминацијата на оваа ранлива категорија граѓани. Она што ЕК го забележа во извештајот за 2021 година е дека оваа категорија граѓани и понатаму се соочува со дискриминација, недостаток на инфраструктура, информации и услуги.
Во публикацијата за реформите на правосудството издадена од Метаморфозис, а во однос на делот за основните човекови права, стои дека голем број експерти околу проблемите што ги имаат лицата со попреченост со кои било комуницирано за потребите на извештајот навеле дека, иако законската рамка е добра, проблем претставува праксата, односно имплементацијата на законите.
Во однос на структурната дискриминација своја оценка изнесе и Хелсиншкиот комитет за човекови права на 10.12.2021 година, меѓународниот ден на почитување на човековите права. Притоа, уште веднаш на почетокот ХК констатира дека во РСМ „структурната дискриминација и понатаму е највидлива во односот кон Ромите, лицата со попреченост, сексуалните и родовите малцинства, жените, лицата во затворени институции“. Сепак, како поле на кое државата прави напор да решава одредени состојби, треба да се истакне дека Владата до Собранието ги достави, а Собранието ги усвои измените на Законот за заштита на децата, со кои додатокот за деца со попреченост се проширува во однос на времетраењето преку целата година и за оние деца кои за време на школувањето се надвор од своето место за живеење, стои во извештајот.
Покрај ова, Министерството за труд и социјална политика на својата веб страница во декември објави нови измени на овој Закон, со кој аплицирањето за посебен додаток за овие деца ќе може да се поднесе и во електронска фрома и услугата да се добие по електронски пат. Воедно, со започнувањето на учебната година во септември, државата овозможи средства со кои на децата со попреченост во образовниот систем им се на располагање околу 500 образовни асистенти, изработени се учебници во електронски и аудио формат, но и учебници испечатени во Браево писмо. Власта истакнува дека ги зголемила и правата за користење на личен асистент кој сега може да се добие на возраст од 6 до 64 години.
Пред осум месеци, Маргарита Милошеска, координаторка во Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби, во „Утрински брифинг“ изјави дека е потребно формирање Национален регистар на лица со посебни потреби и дека за тоа треба да се започне од општините. Милошеска рече дека ако градоначалниците точно знаат каков вид лица со попреченост доминантно живеат во нивната општина, како лица со церебрална парализа, аутизам и слично, подобро ќе знаат што да направат зависно од бројките.
Сега, со објавувањето на податоците од пописот, точно се знае во која општина во државата колку лица со попреченост има и зависно од тоа би можеле да се направат идните планови во однос на тоа дали и каде се потребни повеќе центри и поголем пристап до услуги за оваа категорија лица. Останува на градоначалниците колку ќе ги искористат овие податоци за да ги подобрат услугите за лицата со попреченост во нивните општини.
https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/06/popis-lica-so-poprecenost-300x140.jpg 300w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/06/popis-lica-so-poprecenost-1024x479.jpg 1024w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/06/popis-lica-so-poprecenost-768x359.jpg 768w" alt="" width="1041" height="487" class="aligncenter wp-image-128419 size-full b-loaded" style="clear: both; display: block; margin: 15px auto 25px;" />
Последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава оцени дека има мал напредок во подобрувањето на правата на лицата со попреченост, сепак тие и понатаму се дискриминирани.
Лицата со попреченост и понатаму се соочуваат со значителна, директна и индиректна дискриминација, поради бариерите поврзани со инфраструктурата, недостатокот на информации и услуги, дискриминаторските ставови и социјалната исклученост. Во 2020 година Народниот правобранител пријави 37 претставки за дискриминација на деца и возрасни со попреченост, се вели во извештајот.
На најголем дел од лицата со попреченост, мерките за превенција и заштита од вирусот им предизвикале тешкотии во секојдневното функционирање. Тешкотиите се однесуваат на ограничената социјализација и ограниченото движење, како и на тешкотиите поврзани со следењето на мерките за заштита (одржување физичка дистанца, носење маска, избегнување групирање и сл.). Лицата со попреченост и лицата што се грижат за нив се соочиле со тешкотии во остварувањето на своите права за време на пандемијата, од кои само мал дел се обратиле за помош најчесто во центрите за социјална работа, а помал дел побарале помош од граѓанските здруженија. Само мал дел од лицата ја добиле
бараната помош, односно ги оствариле бараните права.
Ова се вели во публикацијата „Влијанието на ковид-19 кризата врз лицата со попреченост“ издадена од Иницијативата за демократија на Западен Балкан минатата година.
Децата со попреченост се соочиле со сериозни проблеми при следењето на онлајн наставата, која во голема мера беше несоодветна и неприспособена на нив и на различните видови попреченост. Спроведувањето на наставата се одвиваше во недостиг на соодветни образовни помагала, односно немање потребна техничка опрема за следење на наставата. Лицата со попреченост и лицата што се грижат за нив се соочиле со тешкотии во остварувањето на своите права за време на пандемијата, како и недостиг на соодветна поддршка за следење на наставата (образовен асистент, специјален едукатор и сл.), се вели во публикацијата.
Преку одговори на прашалници, 219 испитаници, (од кои 27.1 процент биле лица со попреченост, а 72.9 проенти лица што се грижат за лицата со попреченост), се изјаснувале за најголемите проблеми со кои се соочиле за време на пандемијата.
За голем дел од испитаниците (79,8 %), мерките за превенција и заштита од вирусот наметнале тешкотии во нивното секојдневно функционирање. Во однос на добивањето здравствени услуги и здравствена заштита, тие се изјасниле дека најголеми проблеми имале да добијат услуга од специјалист и рехабилитација.
https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/06/web-capture_7-6-2022_13535_www.wfd_.org_-300x178.jpeg 300w" alt="" width="735" height="437" class="aligncenter wp-image-128427 size-full b-loaded" style="clear: both; display: block; margin: 15px auto 25px;" />
Помал број испитаници, односно 29.4 проценти се соочиле со тешкотии на работното место за време на пандемијата, од кои речиси половината (48.4%) биле поврзани со отсуствување од работното место поради заштита од вирусот и поради грижата за друго лице во домот. Според податоците од анализата за „КОВИД-19 и родот“, голем дел од лицата со попреченост останале без економски надоместоци поради мерките за неодење на работа, а со тоа непосредно биле изложени на сиромаштија и без никаква социјална сигурност.
Имајќи предвид дека и пред пандемијата лицата со попреченост многу често се соочуваа со тешкотии при влезот на пазарот на трудот, сега тој ризик значително се зголемува, вклучително и ризикот од губење на работното место, како и тешкотии при враќањето на работното место, се вели во публикацијата.
Речиси третина од испитаниците се изјасниле дека се соочувале со потешкотии во однос на транспортот и мобилноста за време на корона-кризата.
https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/06/web-capture_7-6-2022_135643_www.wfd_.org_-300x218.jpeg 300w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/06/web-capture_7-6-2022_135643_www.wfd_.org_-86x64.jpeg 86w" alt="" width="651" height="474" class="aligncenter wp-image-128431 size-full b-loaded" style="clear: both; display: block; margin: 15px auto 25px;" />
Во публикацијата се заклучува дека државата не ги испочитувала обврските што за неа произлегуваат од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, особено оние во однос на активното вклучување на лицата со попреченост и нивните претставнички организации во процесите на донесување одлуки за политиките и програмите; признавањето на важноста на пристапноста до физичката, социјалната, економската и културната средина, до здравство и образование и до информации и комуникации; преземањето соодветни мерки за да се идентификуваат и да се елиминираат пречките во пристапноста; како и преземањето на сите неопходни мерки за заштита и безбедност на лицата со попреченост во ситуации на ризик, вклучително и вонредни состојби.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар