2win800x200

Стечаен управник дозволил производство на канабис нелегално во фабрика на која ѝ била одземена линценцата за тоа

Ноември 26, 2022

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Т.(74), Л.Н.(42), Ж.Н.П.(54) и Г.Т.(54), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет, наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Од почетокот на јануари до средината на август, В.Т. како стечаен управник на правен субјект организирал и обезбедил услови на Л.Н., Ж.Н.П. и на Г.Т., кои биле вработени, да работат нелегално. Тие, иако знаеле дека поради констатитрани неправилности од Министерството за здравство му била одземена лиценцата за одгледување на растението канабис за медицински цели и отворената стечајна постапка за правниот субјект, продолжиле со производство во фабриката, соопштија од СВР Битола. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани