2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Од пекарата „Булевар“ го чистеа ѓубрето во Драгор што го фрлаат нивните потрошувачи

Август 16, 2018

Сопствениците на пекарата „Булевар“ лоцирана наспорти битолскиот Суд, денеска организираа акција за чистење на  ѓубрето што нивните потрошувачи го фрлаат во коритото на реката „Драгор“. Купишта најлонски кеси, хартија и остатоци од храна, висеа на внатрешната страна од коритото, на што бурно реагираа битолачни, посебно на социјалните мрежи.

Често, особено во доцните ноќни часови, младите јадат потперени на ѕидот од речното коритото, а остатоците од пецивата и кесите ги фрлаат на тротоар и во реката, иако во непосредна близина има корпи за отпадоци.

Денеска,   со скали поставени во внатрешноста на коритото, од пекарата „Булевар“  го исчистија ѓубрето, а на нивната ФБ страница објавија фотографии и напишаа:

Поради реакциите на Битолчани, денес го чистевме коритото на реката Драгор од несовесните граѓани кои фрлаат отпадоци од нашата пекара во реката.

Воедно би сакале да ги замолиме нашите ценети потрошувачи отпадоците да ги оставаат во корпите.

Ви благодариме!!!“

Ако овој апел од пекарата не промени нешто во лошите навики на граѓаните, тогаш казните на надлежните сигурно ќе го нарават тоа.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани