На паркинг во Битола му се заканиле со пиштол

Август 09, 2019

Возрасен битолчанец пријавил дека на паркинг во Битола по расправија со две лица едниот извадил пиштол и упатил закани по живот. Полицијата не открива дали кавгата била за паркинг место или сосема нешто друго. Заканувачот се уште непознат за полицијата. 

-На 08.08.2019 во 22:00 часот во СВР-Битола,  С.Р. (75) од Битола, пријавил дека на паркинг на комплекс во Битола, по расправија со две лица, едно од нив му се заканило со пиштол и веднаш го напуштило местото на настанот. Се превземаат мерки за расчитување на настанот.  

Во јуни годинава,  во друг случај битолчанец  добил закани со пиштол од непознато лице на среде улица. Полицијата и тогаш извести дека С.Ј. од Битола пријавил дека на улицата „Цар Самоил“, по вербална расправија, непознато лице му се заканило со пиштол и избегало од местото.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани