АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За време на новогодишната ноќ, околу 2 часот по полноќ, крадец влегол да ограбува куќа на битолскиот Баир на улицата „Караорман“ бр. 86, додека сопствениците биле на дочекот на Нова година. Но, вработени од Агенцијата за праватно обезбедување „Карпатија“ , како што велат „апла“ го фатиле сторителот на кривично дело во домот на битолчаните, кои претходно го ангажирале обезбедувањето.
-Крадецот беше фатен на лице место и при обидот да избега употреби сила врз обезбедувањето , но брзо беше совладан и предаден на полицијата, велат од Агенцијата за приватно обезбедување „Карпатија“-Битола.
Крадецот во куќата влегол наслино, употребувајќи погоден алат , го исклучил доводот на струја и пробал да го онеспособи алармниот систем кој е директно поврзан со „Карпатија“. Но за среќа фатен е на лице место заедно со пленот што успеал да го земе од куќата.