АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Иницијативата „Битола на точак“ на својата ФБ страница креираше албум насловен „Битолски сообраќаен срам“, каде се објавуваат фотографии на несовесни возачи и возила паркирани на несоодветно место.
„Очекуваме да се вклучите во оваа акција, да придонесете со ваши примери и секој месец ќе одбираме "најдобар" срам!“, пишуваат на ФБ страницата на иницијативата „Битола на точак“.
Возачи, внимавајте! Можеби токму некој од вас ќе биде дел од фотоалбумот „Битолски сообраќаен срам„
Битола е една од општините со најмногу возила по глава на жител. Во градот има 21 илјада автомобили, а заедно со сите возила, бројката е околу 25 илјади, од кои е окупиран јавниот простор, така што има се помалку место за пешаци и велосипедисти. Сообраќајниот метеж од ден на ден се зголемува, а и покрај големото аерозагадување, речиси никој не се откажува од својот автомобил, иако Битола е релативно мал град каде не секогаш е потребно возило.