2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

„Бомбашот“ добил отказ од работа и затоа лажно пријавил за поставена бомба во автобуси, СВР му поднесе кривична

Јули 10, 2020
СВР Битола - Отсекот за компјутерски криминал при СВР Битола, до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против З.И.(45) од с.Горно Крушје, ресенско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста", казниво по член 144 став 4 од Кривичниот законик. На 28.06.2020 околу 16.40 часот пријавениот креирал лажен профил социјалната мрежа „Facebook“ и од тој профил на официјален „Facebook“ профил на туристичка агенција од Битола, која е овластен превозник на вработени во фирма во Битола, испратил порака со заканувачка содржина дека на комбињата и автобусите има поставени бомби кои ке се активираат кога ке пристигнат пред фабриката, заедно со вработените во агенцијата. После неколку минути, истата порака ја поставил на ѕидот на „Facebook“ профилот на агенцијата. Од лажно креирани профили, слични пораки со заканувачка содржина пријавениот им испракал повеќе пати и на одговорни лица во фирмата каде претходно работел, а во знак на револт за добиениот отказ.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани