2win800x200

Скоро секој ден пријави за физички напади до СВР Битола,вчера дури четири

Февруари 10, 2021

Скоро и да нема ден без пријава за физички напад во СВР Битола. Во полициските билтени дневно се случува да има и по неколку пријави. Таков беше вчерашниот ден кога беа пријавени четири такви настани.

 

На 09.02.2021 во СВР Битола, Ј.В.(26) од Битола пријавил дека на бул.„1-ви Мај“ во Битола бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 09.02.2021 во Полициската станица Ресен од слобода бил лишен С.Д.(54) од Ресен затоа што физички го нападнал неговиот син А.Д.(22) од Ресен, при што употребил и остар предмет и му нанел повреди. Тој бил приведен во Полициска станица Ресен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.02.2021 во ОВР Прилеп, Р.З.(70) од Прилеп пријавил дека на ул.„Сотка Ѓорѓиоски“ бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 09.02.2021 во СВР Битола, М.К.(34) од с.Десово, прилепско, пријавил дека во с.Десово неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани