2win800x200

Градската капела во Тетово сè уште не е пуштена во употреба

Декември 31, 2021

Ветување: Во овој момент се врши исправка и надоградба на недостатоците коишто беа констатирани и очекуваме дека до крајот на месецов (август н.з.) капелата ќе биде пуштена во употреба, при што грижата за управување со капелата ќе биде доделена на новото Јавно претпријатие градски православни гробишта Тетово, изјави Александра Савеска, заменик-директор на ЈКП Тетово

[Извор: Телевизија Кис и Менада – изјава на Александра Савеска (од 10,50 минута до 11,13 минута)Датум: 21.08.2021 г.]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

На 21.08.2021 година од Јавното комунално претпријатие Тетово ветија дека капелата којашто се наоѓа во склоп на старите православни гробишта, ќе биде пуштена во употреба на крајот на август.  Александра Савеска, заменик-директор на ЈКП Тетово, во изјава за медиумите најави дека „до крајот на месецов (август н.з.) капелата ќе биде пуштена во употреба“Но, наспроти ветеното, градската капела и по речиси четири месеци од дадениот рок не е пуштена во употреба, па ветувањето го оценуваме како неисполнето.

Александра Савеска, заменик-директор ЈКП Тетово Фото: Вистиномер

Капелата беше изградена пред три години, но таа не беше ставена во функција поради технички пропусти, односно несодветната комора ладилник  каде треба да се чуваат телата на починатите.

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/12/komora-od-kapelata-tetovo--1024x576.jpg 1024w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/12/komora-od-kapelata-tetovo--768x432.jpg 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/12/komora-od-kapelata-tetovo-.jpg 1080w" alt="" width="600" height="338" class="wp-image-115151 b-loaded" style="box-sizing: border-box; border: 0px; vertical-align: middle; max-width: 100%; height: auto; display: inline-block;" />
Комора од капелата во Тетово Фото: Вистиномер

Но, ова не е прво ветување дека капелата ќе биде пуштена во употреба. Тоа го ветуваше и претходната градоначалничка Теута Арифи.  На 9 декември 2019 година, Арифи по средбата со митрополитот тетовско-гостиварски, Јосиф, изјави дека „капелата наскоро ќе биде предадена во употреба“. Сепак, тоа не се случи.

Инаку, градската капелата беше тема за расправии помеѓу советниците од ВМРО-ДПМНЕ и претходната градоначалничка Арифи уште во нејзиниот прв мандат. А, поради неисполнетото ветување за изградба на градска капела, во  септември 2016 година во Тетово беше организиран и протест .

ИЗВОРИ:

Оцени: Зоран Димовски


https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo-768x180.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo.png 873w" alt="" width="300" height="70" class="size-medium wp-image-106627 alignleft b-loaded" style="box-sizing: border-box; border: 0px; vertical-align: middle; max-width: 100%; height: auto; margin: 5px 20px 15px 0px; float: left;" />Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани