
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
До Советот на Општина Битола пристигнало барање од член на Училишниот одбор од училиштето во село Бистрица, битолско да биде реазрешен. Советот точката ја стави на дневен ред и ќе одлучува денеска.
Вчера директорката на Подрачното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во село Бистрица, битолско, пријавила дека член на Училишниот одбор и упатил закани и вербални напади со цел таа да си поднесе оставка од директор.
„Влезе без најава во канцеларијата и почна насилно и агресивно вербално да ме напаѓа. Се закануваше со разни пријави, ми упати многу навреди и недостојни зборови. Го предупредив дека се наоѓа во службени простории и не смее така да се однесува но тој продолжи уште пожестоко. Бидејќи не престануваше пријавив во МВР по што тој веднаш замина. Полицијата дојде направи записник, по што ми се влоши здравствената состојба и беше повикана служба за итна медицинска помош. За жал ова не е единствен ваков случај во државата и време е сите заедно да се избориме еднаш за секогаш да престанат заканите и ваквите напади од локални кметови кои сметаат дека целата власт е во нив“, се обрати вчера директорката на основното училиште во Бистрица Татјана Апостоловска-Ѓоргиевска преку фејсбук страната на училиштето.
Денеска на почетокот на седницата на Советот на Општина Битола, советникот на СДСМ Петар Николовски побара разрешување на членот на Училишниот одбор, додека претседателот на Советот, Бојан Бојкоски пред советниците кажа дека членот на Училишниот одбор во училиштето во село Бистрица само побарал да биде сменет, за што веќе е поставена точка на дневен ред и советниците ќе треба да се изјаснат.
А.Б
Делегација предводена од градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, претставници на Советот на Општина Битола, ОО на Сојузот на борци Битола и од СДСМ-Битола, положија свежо цвеже на возобновениот Меморијален споменик од НОБ во селото Бистрица.
На барање на локалното население и на Сојузот на борци, Општина Битола изврши санација на меморијалниот споменик што опфаќаше санација на постоечкиот споменик и целосно уредување на просторот околу него, со поставување на бехатон плочки на патеките, чистење на одводните канали, поставување на канделабри, клупи и хортикултурно уредување на целиот простор. За санација на споменикот и паркот, Општина Битола инвестираше 1.801.696 денари.
„Почитта кон оние коги што го дадоа најсветото, сопствените животи, не се искажува само со еден ден, еден подарок, со поставување цвеќе пред спомен обележјата. Оваа локална самоуправа покажа дека почитта треба да се негува постојано, а тоа е најдобар пример со возобнувањето на овој споменик и на тој начин дава придонес кон зачувувањето на споменот на оние од минатото, кои што се најзаслужни за нашата слобода. Не само што го возобновивме споменикот, извршивме реконструкција, туку и целосно се изврши хортикултурно уредување на овој дел околу споменикот во Бистрица, каде што многу често сега навраќаат и битолчани. Навраќа и месното население, се дружат и на тој начин го сочувуваат споменот за се што се случувало во минатото. Само така, како народ, можеме да покажеме дека врдностите кои што се негуваат од историјата, можеме да ги сочуваме, а со тоа и да се сочуваме себе си“, порача градоначалничката Петровска.
Свечениот чин беше збогатен и со настапот на младиот Огнен Радуловиќ, кој ги воодушеви присутните со изведба на македонска композиција на гајда.
Споменикот на НОБ во Бистрица го симболизира Вториот реонски комитет на Комунистичката партија на Битола и Битолско и има големо значење за регионот, историјата и антифашистичката борба.

