АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Започна асфалтирањето на првата делница од улицата „Солунска“. На оваа улица, завршена е и промената на канализационата линија со изведени приклучоци во должина од 240 метри.
На неколку локации во населбата Девеани се работи на покривање на децениски запоставените калливи улици. Досега се затворени над 800 м2 каллива површина, а активностите продолжуваат и во наредниот период, информираат од Општина Битола.
По поставувањето на новите канделабри на пешачката улица на „Булеварот 1 Мај“, поставени се нови канделабри и на реконструираниот дел од улицата „Димитар Илиевски Мурато“.