2win800x200

ЗАЕДНО СРЕДУВАМЕ – ЗАЕДНО УРЕДУВАМЕ

 
Отстранување на кабастиот и градежниот отпад за здрава и чиста животна средина
 
Општина Битола како центар на Пелагонискиот плански регион, по препорака на Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе организира одлагање на кабастиот отпад и градежниот шут, во периодот од 15-ти до 20-ти, во месеците февруари, март и април. Во наведените термини, граѓаните ќе можат да го доставуваат отпадот во терминот од 7-15 часот и тоа:
 
Кабастиот отпад ќе се одлага во кругот на Стопанскиот двор на ЈКП Комуналец на ул. 16-та бб, 
 
Градежниот шут ќе се одлага во кругот на Стопанскиот двор на КЈП Нискоградба, на ул. 16-та бб. 
 
Општина Битола останува доследна во реализирањето на Акцискиот план за чист воздух донесен од Владата, од кој произлегуваат обврските за справување со отпадот и обезбедување на услови за одложување и собирање на кабаст отпад и градежен шут.
Страница 1 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани