2win800x200

Во строгиот центар на Битола, позади зградата на  Библиотеката и во целиот комплекс Стара болница, секој викенд е истата слика. Нема зелена површина, ќоше, скали, каде не е расфрлано со празни шишиња од алкохолни пијалоци и остатоци од храна.

Битолскиот градоначалник, Владимир Талески, и на три дена пред локалните избори  и неговото заминување не успеа да го исчисти ѓубрето од градот . Вдолж улицата „Партизанска“ има купишта од паднати лисје, кои ветерот повторно  ги носи на сите страни. Градот и по 12 години од неговото владеење е опседат со диви депонии особено по течението на Драгор, а за жал не е исклучок ниту централното градско подрачје. Обиколницата и запаленото ѓубриште се посебна тема.

За разлика од него досегашната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи ,како што јавуваат медиумите,  барем неделава ги исчистила и измила  улиците, тротоарите и јавните површини низ градот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани