АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Млади, повозрасни битолчани, жени со колички, вакцинирани, неимунизирани...Редици битолчани денес чекаа пред пунктот на Магнолија каде се вршеше бесплатен серолошки тест за антитела во рамки на скинингот што го отпочна Министерството за здравство со цел да се утврди каков имунитет на ковид-19 има населението во земјава и да му помогне Комисијата за заразни болести во планирањето на идните мерки во борбата со пандемијата.
„Два пати сум прележан, не сум вакциниран, сакам да видам дали имам антитела. Од болеста не се плашам, се затекнав случајно тука и си реков да проверам, зошто да не, бесплатно е“, ни рече еден битолчанец.
“Три пати сум вакциниран, ама решив да проверам дали имам антители“, рече друг битолчанец.
Предвидено е да се направат околу 3000 анализи од кои 1000 во Скопје, а од другите градови скрининг -тестирањето започна од Битола каде денес присуствуваше и министерот за здравство Беким Сали. Тој рече дека од резултатите на ова тестирање ќе зависи понатамошното олеснување на мерките, а за да се врати нормалното функционирање потребно е над 70 проценти од граѓаните да се имунизирани.
„Бројот на заболени на ниво на држава благо се намалува од пикот во четвртиот бран. Кај нас нивото на вакцинација и целосна имунизација на нашата популација е пониска од Европа. Ние поскакуваме да имаме позитивни резултати од анализата што ја правиме за врз основа на тоа да ги намалиме мерките и да бидеме слободни за функционирање. Но, се зависи од епидемиолошката состојба на нашите граѓани. Доколку добиеме резултати кои се позитивни, односно над 70 проценти да е вкупната имунизација во државата, тогаш можеме да кажеме дека почнуваме со олеснување и нормално функционирање на животот на нашите граѓани’, рече Сали.
Во однос на скринингот кај учениците, тој додаде дека од 200 ученици на школска возраст кои вчера беа тестирани како дел од постапката за утврдување на трансмисијата на коронавирусот во училиштата, само едно лице беше позитивно.
„Резултатите се позитивни, од направени 200 анализи во текот на вчерашниот ден сме добиле само еден позитивен резултат. Се надевем дека во Скопје уште два-три дена ќе потрае анализата зашто тука беше поголемиот број на новоинфицирани деца, доколку биде таков бројот и во другите делови во градот во тој случај нема потреба од продолжување на анализите“, рече министерот.
Направени се 7.483 тестирања, а регистрирани се 1.197 нови случаи на КОВИД-19:
Утре почнува скринингот за КОВИД-19 во основните и средните училишта во Битола, потврдија за апал.мк од Центарот за јавно здравеј. Вкупно во нашата општина ќе бидат опфатени 378 ученици. Превентивните тестирања се со цел рано детектирање и превенција од КОВИД 19 во училиштата низ Македонија, а ќе се спроведуваат со брзи анигенски тестови, а вкупно низ дражавата се опфатени 8178 ученици. Тестирањата ќе се извршуваат во училиштата, по случаен избор, со согласност од страна на родителите.
-Министерството за здравство апелира до родителите и старателите, да дозволат учениците да учествуваат во превентивното тестирање, со цел да се добијат релевантни податоци за трансмисијата на Ковид 19 низ училиштата, како и да се утврдат асимптоматски случаи кај учениците и средношколците. Со давањето поддршка на скринингот, зачајно ќе се придонесе да се добијат релевантни податоци базирани на докази, кои ќе овозможат натамошно носење на соодветни одлуки од интерес на децата и учениците. Тоа ќе овозможи побезбедно одвивање на наставата како и поголема заштита на здравјето на учениците, се наведува во соопштението на Министерството за здравство кое во октомври го испрати до јавноста