2win800x200

Инцидент,   за среќа,  без  последици се случи во Модуларната болница во Прилеп, каде обезбедувањето на овој објект забележа дека таблата за електрична енергија е физички оштетена  и насилно отвроена, по што случајот е пријавен во полиција и извршен е увид на местото. Но, опремата во модуларната болница не останала без напојувaње, затоа што не се снабдува со струја од оваа табла, па животот на пациентите не  е загрозен. Од прилепската болница не сакаа да го коментираат случајот, а директорката Кети Смиелвска, вели дека не се знае кога   се случил овој вандалски чин, но го откриле вчера кога вратата од таблата случајно се отворила од силниот ветер.

 

Четиринаесет лица го загубија животот во  пожар кој синоќа околу 21 часот ја зафати модуларната болница во Тетово. Од обвинителството наведуваат дека со ДНК анализи ќе се утврдува нивниот идентитет, но се истражува дали има и други жртви меѓу пациентите во тетовската модуларна болница кои се лекувале од ковид-19. Според првичните сознанија,  меѓу починатите нема здравствени работници, но има повредени

На парцела зад Инфективното оддделение во Клиничката болница во Битола, градежна мехнаизација веќе ги започна активностите за подготовка на теренот за поставување на модуларната болница. Станува збор за монтажен објект кој ќе биде наменет за пациенти заболени од КОВИД-19, а овој простор ќе биде опремен со целосно нова опрема и апаратура. Целта е да се зголемат капацитетите, но и да се подобрат условите за лекување на овие пациенти.  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани