АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Членовите на планинарската еко група „Турни ме да кинисам“ од Битола, го искористија убавиот сончев неделен ден да се искачат преку Маловиште, до црквата „Свети Спас“ и врвот Вртешка на Пелистер. Уживаа во чистиот воздух, длабокиот снег и од таму ја донесоа оваа прекрасна панорама од планинскиот убавец.
Група битолски планинари ветерани, некои во деветтата деценија од животот, пеш се качуваа до Копанки зашто не работеше жичницата, а горе свртија мазник со паричка на 1.500 метри надморска височина.
Кога снежната покривка на Пелистер достигнува и до еден метар, прихраната е добредојдена за дивечот. Фотографите од овие срни на хранилишта е направена денеска со системот за мониторинг на крупниот дивечот во Националниот парк "Пелистер" каде во ноемви минатата година се поставени 10 фото замки на повеќе локации.
Овој викенд ски центарот Вигла во Леринско, Грција, остана без македонски скијачи. Љубителите на зимските спортови од југозападниот дел на земјава, кои беа редовни гости таму зашто на нашите ски терени немаше снег, овој пат останаа да скијат на Пелистер. Снегот кој наврна деновиве создавајќи снежна покривка од педесет сантиметри, подготвеноста на ски центрите во Нижеполе и Копанки, како и трипати поевтиниот дневен билет од оној во Грција, ги вратија туристите дома.