2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

За фотографија на првиот ден од Новата година, ја одбравме оваа, од предавателниот пункт  Антена на Пелистер, направена од група планинари, кои како што објавивме, утрово се искачија на највисокиот врв на Баба, каде го испија првото утринско кафе.

Деновиве замрзнаа Пелистерските очи, Големото и Малото езеро. Иако ова е вообичаена слика за Баба Планина во декември, која е целосно под снег, сепак , само најупорните вљубеници го освојуваат планинскиот убавец во зимските денови.

Системот за мониторинг на крупен дивеч поставен на 8 ноември на Пелистер, во изминатите три недели регистрираше срни, елени, волци, а вчера пред камерите, за првпат застана и мечка, која најверојатно се разбудила од првиот зимски сон.

Битолчанецот Александар Лозановски ѝ предложи брак на својата девојка Софија Крстевска на видиковецот на Пелистер од каде како на дланка се гледа цела Битола. Фотографиите и куса вест за овој романтичен настан беа објавени на интернет страницата на Националниот парк Пелистер. Запросувањето беше навистина романтично. Според објавените фотогрфаии, скалите до видиковецот кој се наоѓа на Историската патека, беа послани со ливчиња од роза. Со исти такви ливчиња беше изцртано срце горе на видиковецот, поточно на местото каде Александар ја побара за жена Софија.46836803 10218554258066976 189261577893969920 n

46749235 10218554258706992 6361838509547847680 n

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани