АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Децата од детскиот хор „Ѕвончиња“ од Битола беа седмата тура од проектот „Да го запознаеме Н.П. Пелистер“ во организација на здружението „Дојди, види, уживај“ предводено од туристичкиот водич Горан Пинза. Тој организираа едукативно-рекреативни екскурзии на Пелистер, а целна група се основците и средношколците, но не постои горна граница за лицата кои можат да се вклучат во оваа активност на спознавање на природните убавини на првиот национален парк во земјава и неговите реткости. Иако Пелистер е на неколку километри од Битола, не е мал бројот на деца и млади кои ретко го посетуваат.
-Ја поздравувам иницијативата и борбата на Горан за да ги запознае децата со убавините на Пелистер, како да ја сакаат, почитуваат и чуваат природата и нејзините жители. Она што не се познава, не може да се сака и да се негува! Со многу измешани мисли и емоции го напуштив националниот парк. Зошто? Затоа што она што го видов во очите на децата, насмевките, среќата, зацрвенетите обравчиња, дружењето, нивната желба за истражување, прашањата кои му ги поставуваа на водичот...ме исполни со огромна радост од една страна и лутина од друга, што како општество многу малку или воопшто не обрнуваме внимание на вистинските вредности кои ги имаме и со што треба да ги "храниме" нашите деца, духовно, ментално, емотивно, физички и интелектуално. Се што читам, се политички статуси на препукување и омраза...После пандемијата, компјутерите и стресовите, требаше децата организирано, секој ден да ни се на Пелистер и да го засилуваат својот имунитет со чист кислород и развивање на белите дробови. Погледенете ги сликите, слушнете ја нивната песна( со колкава љубов ја снимивме и ја пееме првата детска химна на Битола, напиша на ФБ Марина Коруновска, диригент и уметнички раководител на десткиот хор Ѕвончиња.
Козји Камен е еден од врвовите на Пелистер на 2180 м.н.в и нуди прекрасна панорама.
ЕЛЕМ ТУРС Подружница "Молика" Битола, официјално ги започна активностите за реализација на Планот и Програмата за следната зимска туристичка сезона на Ски-Центарот Копанки на Пелистер, во функција на исполнување на очекувањата на љубителите на зимските спортови, планинарството и планинскиот туризам, како и останатите рекреативци кои го посетуваат Пелистер, информираат од АД ЕСМ