АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Непријатно чувство предизвикуваат вревата, силните трескоти и уште повеќе искршените клупи и жардињери пред платото на Битолскиот народен театар откако тинејџери на диво го претворија во скејтборд парк. Иста е сликата и на просторот кај новата фонтана пред Музејот.
Минувачите се жалат дека не можат ни да поминат, ни да седнат на раат на клупите пред Театарот и Музејот, токму поради ваквото однесување на младите скејтери.
Оваа играчка, популарна кај младите, каде доминираат физичката сила и балансот, воопшто не е спорна доколку се практикува на соодветно место во скејтборд паркот направен пред неколку години во градското шеталиште, а не на локации каде не им е местото.