2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Ревијата на песни, музика и игри во Битола-доказ дека за музичко творештво никогаш не е доцна

Мај 11, 2022

Песната и музиката не признаваат години и разлики во годините, за тоа доказ е 20-тата Регионална ревија на песни, музика и игри што на 9 мај се одржа во Центaрот за култура во Битола, под покровителство на СЗПМ. Домаќин на ревијата, на која учествуваа пеачки групи од Битола, Демир Хисар, Крушево и Прилеп, беше Здружението на пензионери од Битола.

Претседателката на ЗП Битола Даница Петличкова поздравувајќи ги присутните пензионери и пензионерки, претседателот на Собранието на СЗПМ Илија Адамовски, претседателите на Здруженијата на пензионери учесници и останатите гости на ревијата, истакна дека една од програмските активности на Здруженијата е и организирање на музички и фолклорни, како оваа, кои покажуваат колку песната и музиката не признаваат години и разлики во годините.пет4

„На ревијата слушнавме песни кои се вистински празник на народниот мелос, потврдиме и покажеме дека ја негуваме македонската етно традиција, музичко творештво и нашата културна ризница и секако потсетивме дека фолклорот ја шири љубовта, обединува и зближува. Ние пензионерите ги чуваме песните од заборав пренесувајќи ги на идните поколенија. Песната никогаш не се заборава до колку се пее со душа и срце“, рече Петличкова во своето обраќање пред присустните на отворањето на ревијата..

Таа посочи дека ваквата музичка ревија ѝ доликува на Битола, еден од најопеаните градови на Балканот и пошироко, опеан во над 500 народни и забавни песни кои и ден денес се пејат насекаде низ целиот свет. Потсети дека секоја година во Битола се одржува Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови” кој праќа пораки на сите страни на светот и привлекува вљубеници во автентичните вредности на културното наследство и традиција. Исто така, Битола е позната како град на клавирите, каде во првата половина од минатиот век имало повеќе клавири отколку светилки. Административен, културен, економски, индустриски, образовен и научен центар, град на конзулите каде се наоѓаат дел од почесните конзулати на повеќе европски држави.

„Денес се наоѓаме на далеку познатиот Широк Сокак, главната градска улица, место каде богатите дами и госпоѓи секогаш дотерани по најнова мода, шушкале со своите фустани. Од Битола се произлезени голем број на познати имиња на пејачи од народната и забавната музика, како што се Виолета Томовска, Ајри Демировски, Пепи Бафтировски, Сефедин Бајрамов, Групата Боеми, Групата Молика, Каролина Гочева ,а Мега Звездата Тоше Проевски се школуваше во Средното музичко училиште“, додаде Петличкова.  пает2

Здружение на пензионери Битола е најстаро, формирано во далечната 1946 година, членка на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија со над 18 илјади членови- пензинери. Како членка на СЗПМ , активно учествува и дава свој придонес во работата преку своите делегати во повеќе органи и тела.

„ЗП Битола се грижи за обезбедување услови за поубави пензионерски денови преку правата на пензионерите од пензиско и инвалидско осигурување, за поквалитетна здравствена заштита, за домувањето за унапредување на културните, спортските и хуманитарните потреби на пензионерите.За време на пандемијата, здружението со свои средства од чланарината им помагаше на пензионери со најниски пензии, болни и социјално загрозени .

Во оваа прилика сакам да потсетам дека Здружението на пензионери Битола во изминатиот период воспостави одлична соработка со локалните самоуправи Битола, Новаци и Могила, како и со повеќе здруженија на пензионери од Македонија и соседните земји“, истакна Петличкова пред присутните.

Така со Општината Битола, напомена дека имаат склучено меморандум за соработка во повеке области од интерес за пензионерите, со Општинската организација на Црвен Крст со Битола, со Клиничка болница „Д-р. Трифун Пановски“-Битола, додека со ЗП од Прилеп, Тетово и Општина Ѓорче Петров и ЗП Врање Република Србија имаат потпишано Повелба за збратимување .0

„Се надевам дека во иднина ќе продолжи ваквата соработка и со другите здруженија од државата и надвор од неа“, рече таа и на сите присутниим посака пријатен престој во Битола и успешен настап на ревијата.

Присутните ги поздрави претседателот на Собранието на СЗПМ Илија Адамовски, а на учесниците им беа додели благодарници. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани